ПРЕДВИДЕТЕ ГИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ И ОДГОВОРЕТЕ НА КРИЗИТЕ
ИНВЕСТИРАЈТЕ СЕГА ВО СИЛНИ СИСТЕМИ ЗА БЗР
Пандемијата ги изложи сите работници и луѓе во светот на работата на ризикот од зараза со несекојдневниот коронавирус. Некои работници беа особено изложени на овој ризик, како што се вработените во ургентните служби, здравствените и социјалните работници. Работните места каде што работниците го поминуваат времето внатре, во непосредна близина еден до друг, вклучително и за време на работните интеракции, заедничкото сместување и превоз, во некои случаи станаа извори на ширење на вирусот. Ова може да се припише на тешкотиите во практикувањето на физичкото дистанцирање во затворени простории и лошата вентилација. Покрај ризикот од заразување со новиот коронавирус, работниците во сите сектори се соочуваат со други опасности што се појавија во текот на пандемијата, вклучувајќи ги зголемувањето на стресот поврзан со работата, насилството и вознемирувањето. Новите работни практики и постапки што беа усвоени за ублажување на ширењето на вирусот може, исто така, да создадат нови ризици за БЗР, вклучувајќи хемиски, ергономски и психосоцијални опасности.
Токму поради тоа, овогодишниот меморијалниот Ден за безбедност и здравје на работа (БЗР) Меѓународната организација на трудот (МОТ), го посвети на потребата за градење на посилни системи за БЗР, подготвени за справување на предизвиците што ги носат кризите, вклучувајќи го и одговорот на Ковид-19 пандемијата.