Обединете се за безбедност: исчистете ги рацете

Кога здравствената установа има”квалитетна и безбедносна клима или култура” и ја вреднува хигиената на рацете која влијае на превенцијата и контролата на инфекциите (IPC), тогаш пациентите и здравствените работници се чувствуваат заштитени и згрижени.

За да се даде приоритет на чистите раце во здравствените установи, луѓето на сите нивоа треба да веруваат во важноста на хигиената на рацете и нејзината улога во превенцијата и контролата на инфекциите кои придонесуваат за спасување на животи. Хигиената на рацете е клучен фактор за постигнување на соодветни резултати.

Овогодинешната тема за Светскиот ден за хигиена на рацете, 5 мај 2022 година, е фокусирана на препознавање на квалитетна и безбедносна клима или култура во здравствените објекти преку одржување на хигиената на рацете, но и дека силната, квалитетната и безбедносна култура ќе ги охрабри луѓето да ги чистат рацете во вистинско време и со вистинските производи.

Обединете се, разговарајте и работете заедно на хигиената на рацете за високо квалитетна и побезбедна нега насекаде.

Детали за кампањата

  • Тема на кампањата: Здравствената заштита со “квалитетната и безбедносната клима или култура”, ја вреднува хигиената на рацете која влијае на превенцијата и контролата на инфекциите.
  • Слоган: Обединете се поради безбедност: исчистете ги рацете.
  • Цели на кампањата: Да се препознае дека луѓето на сите нивоа треба да работат заедно и да извршат влијание на културата/климата и да покажат со лично однесување дека одржувањето на чисти раце, може да придонесе во постигнувањето на заедничката цел за поголема безбедност и квалитет во здравствената организација.

Повици за акција

  • Здравствени работници: Ви благодариме што давате личен пример и ги охрабрувате другите да одржуваат чисти раце.
  • Практичари на ИПK: Ви благодарам што ги ангажиравте здравствените работници да бидат дел од новите иницијативи за хигиена на рацете.
  • Квалитетот и безбедноста води: Ви благодарам што работевте со колегите за превенција од инфекции за поддршка на подобрувањето на хигиената на рацете.
  • Менаџери на објекти: Ви благодарам што промовирате квалитетна и безбедносна култура за да обезбедите чисти раце.
  • Корисници здравствена заштита: Ви благодариме што се вклучивте во локалните кампањи и активности за хигиена на рацете.

 

https://www.youtube.com/embed/893JpqdXWUo

 

race 1

 

race 2

 

 

Хигиената на рацете во здравствените установи е една од основните мерки за превенција од болнички инфекции, која не чини многу, а значително влијае на квалитетот на здравствените услуги.

 

Секоја година, пациенти ширум светот добиваат некои од болничките инфекции. Болничките инфекции се еден од најчестите несакани дејства поврзани со здравјето.

Болничките инфекции може да се спречат и со спроведување на процедури за хигиена на рацете, во вистинско време и на вистински начин.

 

Затоа овој ден се одбележува со цел да се привлече вниманието на потребата постојано да се спроведуваат:

 

  1. Програма за едукација и мотивација на здравствените работници
  2. Следење на препораки за хигиена на рацете
  3. Информирање на пациентите и членовите на нивните семејства за постоечките протоколи за хигиена на рацете.
  4. Да се постави хигиената на рацете како приоритетен проблем на здравствените установи.
  5. Да се обезбеди на персоналот доволно производи за хигиена на рацете на база на алкохол.
  6. Воведување мултидисциплинарна програма со која ќе се подобри усогласеноста на здравствените работници со препораките за хигиена на рацете.
  7. Посебно се инсистира на почитување на препораките за хигиена на рацете на здравствениот персонал во одделенијата за интензивна нега.
  8. Обезбедете препарати на база на алкохол на одделенијата на влезот во собите на пациентот, до креветот и на други достапни места, а исто така обезбедете и џебно пакување.
  9. Грижење и безбедно чување на производите на база на алкохол, бидејќи тие се запаливи.

 

СЗО посочува дека честата и темелна хигиена на рацете е една од најефективните мерки за превенција од дијареја, од воспаленија на белите дробови, но и низа други инфекции кои можат да имаат и фатални последици.

Добра идеја е да носите средства за дезинфекција на раце за да ви помогне да убиете 99,9 %  бактерии – корисно ако сакате попат нешто да каснете  или сте биле во јавен превоз.

Населението треба да ги спречи инфекциите со редовно  чистење на своите раце во својот дом, на своето работно место, на училиште и др.

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести