Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, е глобален ден на одбележување на историските, културните и политичките достигнувања на жените. Денот исто така се одбележува како поддршка за преземање акција за родовата нееднаквост ширум светот.

Сузан.Б.Ентони била политичка активистка и застапник за правата на жените. По Граѓанската војна таа се борела за 14- тиот амандман кој требал да им се даде на сите натурализирани и родени американски граѓани со надеж дека ќе имаат можност да се вклучат со право на глас. Иако 14- тиот амандман бил ратификуван во 1868 година тој сеуште не го обезбедил правото на глас. Во 1869 година Националната асоцијација за право на глас на жените (NWSA), била основана од Елизабет Кеди Стентон и Сузан Б. Ентони за да се продолжи борбата за правата на жените. Во раните 1900-ти жените се соочувале со огромна нееднаквост во плати, недостаток на право на глас и биле преоптоварени со  неплатени обврски. Како одговор на сето ова 15.000 жени марширале низ Њујорк во 1908 година барајќи ги своите права.

За прв пат во историјата се организирала Меѓународна конференција за жени во август 1910 година од страна на Клара Цеткин, германска суфрагистка и лидер во Канцеларијата на жени. Цеткин предложила посебен ден на жените да се организира секоја година, а Меѓународниот ден на жената следната година се одбележал во Австрија, Данска, Германија, Швајцарија со повеќе од еден милион присутни на митинзите. На 18 август 1920 година 19-тиот амандман бил ратификуван и на белите жени им  било дадено право на глас.

Половата дискриминација при вработување исто така било важно прашање. Во 1917 година демонстрациите за Меѓународниот ден на жената во Санкт Петербург, Русија, помогнале да се иницира Февруарската револуција, кога жените марширале низ градот барајќи крај на Првата светска војна. Од 1977 година денот на жената се славел главно во социјалистичките земји. Само по одлука на Генералното собрание на Обединетите нации да го прогласи 8-ми Март за  Меѓународен ден на жената, празникот добил светска популарност.

Се слават достигнувањата на жените и до каде стигнале во борбата за нивните права во социјалната, културната и политичката сфера. Без родова еднаквост, денес, одржлива иднина и еднаква иднина останува надвор од нашиот дофат.

 

Овој Меѓународен ден на жената се одбележува под мотото: Родова еднаквост денес за одржливо утре.

Родовата еднаквост, покрај тоа што е основно човеково право, е од суштинско значење за постигнување на мирни општества со целосен човечки потенцијал и одржлив развој. Покрај тоа се докажа дека зајакнувањето на жените ја поттикнува продуктивноста и економскиот раст. Еден од позначајните сегменти е да се постигнат еднакви можности за пристап до вработување и до лидерски позиции и одлучување на сите нивоа.

Република Северна Македонија како држава  се стреми кон унапредување на состојбата на еднаквоста и недискриминацијата во согласност со меѓународните стандарди, препораки и обврски. Северна Македонија се стреми кон остварување на целта, а тоа е еднакво општество за сите низ принципот на заедништво низ разликите. Како земја членка на  Организацијата на обединетите нации (ООН) се стреми кон исполнување на целите и препораките за исполнување на родовата еднаквост и ги следи конвенциите за човекови права. Преку Министерството за труд и социјална политика ја изразува подготвеноста да продолжи по своите зацртани цели во процесот на унапредување на човековите права и воспоставување  на еднакви можности за сите граѓани во нашата држава. Со донесување на  Националната Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2016-2020 превземени се големи чекори за рамноправност, поддршка за правата на жените како и недискриминација на секој човек, воспоставување еднакви можности и  еднаков пристап за сите во сите сфери на јавниот и приватниот живот.

Се продолжува со зацртаните цели со желба за понатамошни успеси со подготовка на Национална стратегија за еднаквост и недискриминација 2022-2026. За жал, има уште долг пат за да се постигне целосна еднаквост за правата и можностите меѓу мажите и жените, предупредуваат од UN Women. Затоа од огромно значење е да се стави крај на повеќекратните форми на родово базирано насилство и да се обезбеди еднаков пристап до квалитетно образование, здравство, економски ресурси и учество во политичкиот живот и за жените и девојчињата и за мажите и момчињата.

 

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести