СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 04.04.2020
Пријавени се вкупно 72 нови случаи на COVID-19 од 12 градови. Најголем број од пријавените лица се со место на живеење во Куманово, Скопје и Тетово, а пријавени се први два случаи и од Крушево (Табела 1).
Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по град и општина, РС Македонија, 2020
Град | Број на заболени | Смртни случаи |
Куманово | 21 | 1 |
Скопје | 14 | |
Тетово | 11 | |
Прилеп | 9 | |
Кочани | 7 | |
Крушево | 2 | |
Битола | 2 | |
Радовиш | 2 | |
Струга | 1 | |
Велес | 1 | |
Штип | 1 | |
Гостивар | 1 | |
ВКУПНО | 72 | 1 |
Најголем дел од регистрираните случаи се на возраст од 50-59 години (n=20), а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 32 женски и 40 машки лица.
Тестирани се вкупно 371 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Позитивни се 72 или 19,4% од тестираните.
Регистриран е еден смртен случај од COVID-19 во текот на изминатите 24 часа. Се работи за 56 годишно лице од машки пол, со место на живеење од Куманово, потврден на 01.04.2020 (со хронично белодробно заболување, без историја на патување и контакт со потврден случај). Случајот бил хоспитализиран на ОБ Куманово на 30.03.2020 и после препратен на ГОБ 8-ми септември каде и починал на 04.04.2020.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 04.04.2020, пријавени се вкупно 555 случаи на COVID-19 (I=26,8/100.000).
Според место на постојано живеење, случаи на COVID-19 се регистрирани во 18 градови: Скопје (n=235), Куманово (n=114), Дебар (n=49), Прилеп (n=33), Тетово (n=28), Струга (n=24), Штип (n=19), Кочани (n=14), Велес (n=10), Битола (n=6), Радовиш (n=4), Гостивар (n=4), Гевгелија (n=4), Охрид (n=3), Кавадарци (n=2), Крива Паланка (n=2), Струмица (n=2) и Крушево (n=2) (Картограм 1).
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Дебар со 176,5 заболени на 100.000 жители, а во Куманово инциденцата на 100.000 жители е 65,2 додека во Скопје инциденцата е 35,8 на 100.000 жители.
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 270 машки и 285 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 26,0/100.000, додека кај женските 27,6/100.000.
Возраста на заболените се движи од 2 до 91 години (просек – 44,9 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 115 (20,7%) со највисока специфична инциденца од – 41,4/100.000 (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=555)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=72) е регистриран на 04.04.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=555)
Од 15.02.2020 до 04.04.2020 тестирани се вкупно 5.291 материјал (555 позитивни) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Графикон 3).
Графикон 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 заклучно со 04.04.2020 во Р.С. Македонија (n=5.291)
Според исходот од заболувањето, 513 лица се активни случаи, 24 случаи се испишани од болница со излечена болест, а регистрирани се 18 смртни случаи (Лт = 3,2%).
Податоците поврзани со дистрибуција по општини во Скопје, симптоми, коморбидитети, хоспитализација и контакти на случаи за 04.04.2020 се уште се обработуваат и ќе бидат прикажани во наредниот извештај.
Според податоците заклучно со 03.04.2020:
На ниво на општина на територијата на ЦЈЗ Скопје, пријавени се заболени лица во 11 општини, а најголем број на заболени се регистрирани во Карпош (n=36).
Од пријавените случаи, 21,4% се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика. Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани кашлица (62,6%), температура (62,6%), слабост (34,4%), главоболка (21,5%), треска (19,4%), болка во грло (17,1%) и отежнато дишење (17,1%), а 142 лица се/биле без изразени симптоми.
Во однос на коморбидитети, кај 127 лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 91 лице имаат кардиоваскуларна болест, 29 лица се со хронична белодробна болест, 28 со дијабет, 7 со хронична бубрежна болест и 18 со други хронични болести.
Регистрирани се 57 случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Од вкупниот број на случаи, 65 се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје). Вкупно 302 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата или странство (Графикон 2).
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на ризик на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Дебар е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Куманово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 3 (локализирана трансмисија).
Во општините Дебар и Центар Жупа беше прогласена кризна состојба и карантин на 13.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба на 18.03.2020 година во времетраење од најмалку 30 дена.
Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 21:00 – 05:00, во викедни од 16:00 – 05:00, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.
Дополнително, се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст од 67 години, во временски период од 11:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
Се забранува движење на лицата во Република Северна Македонија со возраст до 18 години, во временски период од 21:00 часот до 12:00 часот наредниот ден, и се забранува движење на возила од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 21:00 часот до 5:00 часот наредниот ден.
Владата на Република Северна Македонија на 27-та седница ја дополни Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз. Дополнително на 34-тата седница Владата донесе одлука за забрана и посебен режим на движењето на населението (полициски час) во Општина Куманово, и тоа целосна забрана за време на викенд, почнувајќи од 21:00 часот во петок (на 03.04.2020 година) до 05:00 часот во понеделник (06.04.2020 година). Во работните денови, од понеделник до петок, забраната важи секој ден во периодот од 16:00 до 05:00 часот.
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 04.04.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 1.051.635 (79.332 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 56.985 (6.664 нови)
Број на зафатени земји/ територии – 209
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 583.141 (41.333 нови)
- Смртни случаи – 42.334 (5.231 нов)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 110.362 (432 нови)
- Смртни случаи – 3.809 (49 нови)
- Регион на СЗО Југо-источна Азија
- Потврдени случаи – 6.528 (647 нови)
- Смртни случаи – 267 (22 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 6903 (3.667 нови)
- Смртни случаи – 3.592 (154 нови)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 279.543 (32.070 нови)
- Смртни случаи – 6.802 (1.202 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 5.446 (183 нови)
- Смртни случаи – 170 (6 нови)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 05.04.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје