Податоци за епидемијата од оваа болест до: 28.08.2014
Епидемиологија и надзор
- Вкупниот број на веројатни и потврдени случаи во тековната епидемија во четирите зафатени земји според соодветните министерства за здравство на Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне е 3069, со 1552 смртни случаи.
- Епидемијата продолжува со тренд на зголемување. Повеќе од 40% од вкупниот број на случаи се случиле во последните 21 ден. Сепак, повеќето случаи се концентрирани во само неколку места.
- Вкупната стапка на смртност е 50,6% и се движи од 35,3% во Нигерија до 66,4% во Гвинеја.
- Посебна епидемија на ЕВБ, која не е поврзана со епидемијата во Западна Африка, е пријавена на 26 август од страна на ДР Конго.
Одговор на здравствениот сектор
Целосно разбирање на епидемијата со детална анализа за тоа каде точно се случува трансмисијата како и за временските трендови ќе доведе до подобрување на одговорот. Оваа анализа е во тек. Прелиминарните резултати покажуваат дека случаите сé уште се концентрирани (62% од сите пријавени случаи од почетокот) во епицентарот на епидемијата во Gueckedou (Гвинеја); Lofa (Либерија), каде што бројот на случаите продолжува да расте; како и во Kenema и Kailahun (Сиера Леоне). Главните градови се од особен интерес поради густината на населението и забраните за патување и трговија.
СЗО и партнерите се на терен и воспоставуваат центри за третман на Ебола и го зајакнуваат капацитетот на лабораториите за лабораториски испитувања, ги следат контактите, се грижат за безбедно погребување, како и за здравствена заштита на лицата со други болести.
СЗО продолжува да ги следи извештаите за сомнителни случаи од земји од целиот свет и систематска проверка на овие случаи е во тек. Земјите се охрабруваат да продолжат со ангажирање во активниот надзор и активностите за подготвеност. Случаи на ЕВБ се пријавени од Демократската Република Конго. Случаите во ДРК не се поврзани со епидемијата во Западна Африка. Надвор од четирите зафатени земји во Западна Африка и Конго, нема нови потврдени случаи во други земји.
СЗО не препорачува применување на рестрикции било за патување или трговија, освен во случаите каде што лицата се потврдени или се претпоставува дека се заразени со ЕВБ или каде што имале контакт со случаи на ЕВБ. (Во контакти не се вклучуваат правилно заштитени здравствени работници и лабораториски персонал). Привремените препораки од Комитетот за итни случаи во однос на активностите што ги преземаат земјите можат да се најдат на:
Ажурирани податоци за болеста
До 26 Август 2014 година, кумулативниот број на случаи на ЕВБ во четирите земји изнесува 3.069, вклучувајќи и 1.552 смртни случаи. Дистрибуцијата на случаите по земји е следнава: Гвинеја, 647 заболени (482 потврдени, 141 веројатни и 25 сомнителни) и 430 смртни случаи; Либерија, 1.378 заболени (322 потврдени 674 веројатни и 382 сомнителни) и 694 смртни случаи; Нигерија, 17 заболени (13 потврдени, 1 веројатен и 3 сомнителни) и 6 смртни случаи; и Сиера Леоне, 1.026 заболени (935 потврдени, 37 веројатни и 54 сомнителни) и 422 смртни случаи.
Потврдени, веројатни, сомнителни и смртни случаи од вирусот на Ебола во Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сиера Леоне, до 26 август 2014**
Нови* | Потврдени | Веројатни | Сомнителни | Вкупно по земја | Стапка на смртност | |
Гвинеја | ||||||
Заболени | 41 | 482 | 141 | 25 | 648 | 66,4% |
Умрени | 24 | 287 | 141 | 2 | 430 | |
Либерија | ||||||
Заболени | 296 | 322 | 674 | 382 | 1.378 | 50,4% |
Умрени | 70 | 225 | 301 | 168 | 694 | |
Сиера Леоне | ||||||
Заболени | 116 | 935 | 37 | 54 | 1.026 | 41,1% |
Умрени | 30 | 380 | 34 | 8 | 422 | |
Нигерија | ||||||
Заболени | 1 | 13 | 1 | 3 | 17 | 35,3% |
Умрени | 1 | 5 | 1 | 0 | 6 | |
Вкупно | ||||||
Заболени | 454 | 1.752 | 853 | 464 | 3.069 | 50,6% |
Умрени | 125 | 897 | 477 | 178 | 1.552 | |
* Пријавени случаи меѓу 20 и 26 Август 2014 година. |
** Случаите се класифицирани како потврдени (секој сомнителен или веројатен случај со позитивен лабораториски резултат); веројатни (секој сомнителен случај прегледан од страна на лекар, или секој починати сомнителен случај кој има епидемиолошка врска со потврден случај кога не е можно да се земат примероци за лабораториска потврда); или сомнителни (било кој човек, жив или мртов, кој имал ненадејна појава на висока температура и имал контакт со сомнителен, веројатен или потврден случај на Ебола или со мртви или болни животни, или било кое лице со ненадејна појава на висока температура и најмалку три од следниве симптоми: главоболка, повраќање, анорексија/ губење на апетитот, дијареа, летаргија, болки во стомакот, болки во мускулите или зглобовите, тешкотии при голтање, тешкотии во дишењето, или било кое лице со необјаснето крварење, или необјаснета смрт).
Вкупниот број на случаи е предмет на промена поради рекласификација, ретроспективна истрага, консолидација на случаи и лабораториски податоци како и подобрен надзор. Податоците објавени во извештајот се базирани на достапни информации пријавени од страна на Министерствата за здравство.