Изјава на СЗО по првиот состанок на Комитетот за Зика вирус при Меѓународниот здравствен правилник (2005) и забележаното зголемување на невролошки нарушувања и неонатална малформации
1 февруари, 2016 година
Го свикав Комитетот за итни случаи во рамките на Меѓународниот здравствен правилник, да се приберат совети за сериозноста на заканата по здравјето, поврзани со продолжувањето на ширењето на Зика вирусна болест во Латинска Америка и Карибите. Комитетот денеска оствари средба по пат на телеконференциjа.
Оценувајќи го нивото на закана, 18 експерти и советници ја сметаат за особено силна поврзаноста, по време и место, помеѓу инфекцијата со вирусот Зика и пораст на откриените случаи на конгенитални малформации и невролошки компликации.
Експертите се согласија дека е силно сомневањето за причинско-последична врска помеѓу Зика инфекцијата за време на бременоста и микроцефалијата, иако сé уште не е научно докажано.
Сите се согласија за итната потреба да се координираат меѓународните напори да се истражи и да се разбере овој однос подобро.
Експертите, исто така ги земаат во обзир шемите на неодамнешните случувања во ширењето и широката географска дистрибуција на оние видови комарци кои можат да го пренесуваат вирусот.
Недостигот на вакцини и брзи и сигурни дијагностички тестови, како и отсуство на имунитетот на населението во ново-погодените земји, беа наведени како причини за понатамошна загриженост.
По разгледувањето на доказите, Комитетот советува дека неодамнешните кластери на случаи на микроцефалија и појава на други невролошки нарушувања пријавени во Бразил, следејќи ги сличните кластери во Француска Полинезија во 2014 година, претставува “несекојдневен настан” и закана за јавно здравје во другите делови на светот.
Според нив, потребна е координирана меѓународна реакција (одговор) за да се минимизира опасноста во погодените земји и да се намали ризикот од понатамошно меѓународно ширење.
Членовите на Комитетот се согласија дека ситуацијата ги исполнува условите за јавно-здравствена вонредна околност од меѓународно значење.
Јас ги прифаќам овие совети.
Објавувам дека неодамнешните кластери на микроцефалија и случаи на други невролошки нарушувања пријавени во Бразил, слични на кластерите во Француска Полинезија во 2014 година, претставува јавно здравствена итност од меѓународно значење.
Потребна е координиран меѓународен одговор заради подобрување на надзорот, за откривање на инфекции, вродени деформитети, и невролошки компликации, за интензивирање на контролата на комарец популации, како и за да се забрза развојот на дијагностички тестови и вакцини за заштита на луѓето во опасност, особено за време на бременоста.
Комитетот не најде јавно-здравствено оправдување за ограничување на патувањата или трговија со цел спречување на ширењето на вирусот на Зика.
Во моментов, најважните заштитни мерки се контрола на популацијата на комарци и заштита од каснување од комарци кај лицата кои се во ризик, особено бремените жени.
Неавторизиран превод од ИЈЗ РМ
Сектор за контрола и превенција на заразни болести
Одделение за следење и надзор над заразните болести
Извор:
http://www.who.int/mediacentre/news/statements/2016/emergency-committee-zika-microcephaly/en/