Неделни податоци

Во текот на 47-ма недела од 2021 година (22-28.11.2021), во Република Северна Македонија пријавени се 63 (I=3,1/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип.

Бројот на регистрирани случаи во 47-ма недела е зголемен во споредба со минатата сезона (n=38) и намален во споредба со типичната сезонска крива (n=88).

Заболените се пријавени од четири ЦЈЗ/ПЕ, во Дебар – 30, во Охрид – 21, во Тетово – 10 и во Струмица и Скопје – по 1.

Во однос на возрасната дистрибуција, по 22 лица се кај децата на возраст од 0-4 години и кај лицата на возраст од 15-64 години. Највисока инциденца (21,2/100.000) се регистрира кај најмладите, децата на возраст од 0-4 години.

Во текот на 47-ма извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 282 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 9 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 4 позитивни случаи од рутинскиот надзор – три Influenza A/H3N2 и Influenza A несубтипизиран.

Кумулативни податоци

 

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на заболени изнесува 395 (I=19,1/100.000), 2,1 пати повеќе во споредба со истиот период минатата сезона (n=186) и 11,2% помалку во однос на типичната сезонска крива (n=445).

Кумулативно, заболените се пријавени од девет ЦЈЗ/ПЕ. Најголем број на заболени лица (n=175) и највисока кумулативна инциденца (620,8/100.000) е регистрирана на територијата на ПЕ Дебар.

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) – 178 случаи (45,1%), а највисока инциденца (105,7/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години (n=110).

 

Од почетокот на сезоната 2021/2022, заклучно со 47-ма недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнати се 1.582 материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти за тестирање за присуство на вирусот на грип, од рутинскиот и сентинел САРИ надзорот. Регистрирани се 6 позитивни случаи, четири Influenza A/H3N2, еден Influenza A несубтипизиран и еден Influenza B несубтипизиран.

ВАКЦИНАЦИЈА ПРОТИВ ГРИП

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи (согласно препораките на СЗО):

  • Постарите лица (над 65 години)
  • Деца на возраст од 6-59 месеци
  • Лица постари од 6 месеци со хронични болести
  • Бремени жени, и
  • Здравствени работници.

 

  • За сезоната 2021/2022, Министерството за здравство обезбеди бесплатна четиривалентна вакцина во вкупна количина од 40.000 дози, наменета за приоритетни групи население. Дополнителни 20.000 дози на четиривалентна вакцина се обезбедени преку донација од PIVI (Partnership for Influenza Vaccine Introduction).

Вакцинацијата против сезонски грип за сезоната 2021/2022 започна на 12.11.2021 и се спроведува во Здравствените домови и/или Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици. Закажувањето за бесплатните вакцини се одвива преку веб страната www.vakcinacija.mk.

Според податоците од Управата за електронско здравство, од почетокот на вакцинацијата, а заклучно со затворањето на овој извештај, вакцинирани се вкупно 42.755 лица од ризичните категории население со бесплатни вакцини.

  • Дополнителни 11.900 вакцини се набавени од страна на Центрите за јавно здравје, како вакцини за останатото население кое не спаѓа во горенаведените групи, истите можат да се добијат за одреден финансиски надомест и се спроведува во Центрите за јавно здравје со нивните Подрачни единици.

Во однос на комерцијалните вакцини, согласно достапните податоци од ЦЈЗ/ПЕ, вакцинирани се 3.154 лица. Најголем број од вакцинираните се на возраст од 30-64 години – 1.941 лица или 61,5%, на возраст над 65 години – 1.008 лица или 32,0%, додека на возраст од 5-29 години се вкупно 132 или 4,2%. Нема вакцинирани се деца помали од 5-годишна возраст. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирани се 73 лица. Нема вакцинирани бремени жени. Од вкупниот број вакцинирани, 959 лица (30,4%) се со историја на хронично/и заболување/а.

 

Заклучно со 47-ма недела, во Р.С. Македонија, вакцинирани се вкупно 45.909 лица со бесплатна или комерцијална вакцина.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 46-та недела 2021 година, активноста на вирусот на грип е на ниско ниво низ Европскиот регион.

  • Од 1.487 тестирани примероци од пациенти со симптоми на ИЛИ/АРИ од сентинел системот за надзор, 72 (5%) биле позитивни; 61 Influenza А (32 А/H3 и 1 A(H1)pdm09) и 11 Influenza B.
  • Пријавени се хоспитализирани лабораториски потврдени случаи на грип од одделенијата за интензивна нега (4 Influenza А) и од САРИ случаи (2 Influenza А).
  • Вирусите на грип се спорадично детектирани од рутински надзор (болници, училишта, установи за примарна здравствена заштита кои не се вклучени во сентинел надзор или домови за стари лица и други институции). Детектирани се и Influenza А и Influenza B.

Според квалитативните индикатори, во однос на интензитетот, 32 земји се на базично ниво, а 8 се со низок интензитет. Според географската раширеност, 24 земји немаат активност, 15 пријавуваат спорадични случаи, а една земја – регионална раширеност.

 

 

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје