Водејќи се од мисијата на нашата институција Институт за Јавно Здравје (ИЈЗ), да го унапредуваме здравјето и општата благосостојба на населението преку научно базирани сознанија, добри практики, информации и влијание на одржливи јавно здравствени политики би сакале да Ве информираме дека
– Уште од сезоната 2021/2022 година ИЈЗ има воспоставен систем за истовремено тестирање за КОВИД-19 и грип (А и Б) на примероците од системот за следење на КОВИД-19 и грип согласно препораките на Светската Здравствена Организација (СЗО).
– Од почетокот на сезоната 2022/2023 во нашата лабораторија е воведен тест за истовремено тестирање на 33 респираторни патогени од еден примерок како резултат на што беше детектирана циркулацијата на Респираторен Синцицијален Вирус (РСВ) и други вируси за чија детекција сте информирани во изминатиот период, како и истовремена детекција на САРС-КоВ-2 и инфлуенца А вирусот кај еден пациент од минатата недела.
– Генетската карактеризација (секвенционирање) на респираторните вируси споведена во текот на оваа недела беше успешна на
А) 32 примерока позитивни на SARS-CoV-2. Селектираните примероци беа од месеците декември 2022 година и јануари 2023 година и беа од следните градови:
Скопје – 6
Битола – 4
Прилеп – 4
Гевгелија – 4
Кавадарци – 3
Тетово – 3
Гостивар – 1
Радовиш – 1
Штип – 1
Струмица – 1
Куманово – 1
Валандово – 1
Кочани – 1
Велес – 1
Кај 8 примероци е детектирана BA.2 сублинијата на Омикрон сојот.
Кај еден примерок е детектирана XBB.1.5 омикрон сублинијата позната како Кракен. Пациентот кај кој е детектирана новата сублинија е од Гевгелија, a примерокот е земен на 11.01.2023 година.
Кај останатите 23 SARS-CoV-2 примероци е детектирана ВА.5 сублинијата на Омикрон.
Б) 7 примерока позитивни на Influenza A. Кај два примерока беше докажан H3N2 суптипот, додека пак кај пет примерока H1N1 суптипот на Influenza A.