Информација за Петтиот Форум на Меѓуaгенциската работна група за источна Европа и централна Азија за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби, во организација на Фондот за население на ОН (УНФПА) и Меѓународната Федерација за планирање на семејството (IPPF), кој се одржа од 18-20.10.2016 година, во Киев, Украина
Во рамките на стручната соработка меѓу Министерството за здравство на Република Македонија и Фондот за население на ОН (УНФПА), од една страна и Ј.З.У. Институт за јавно здравје на Република Македонија од друга страна, како Национален соработник во доменот на подготовка и одговор на здравствениот систем при кризни состојби од Министерството за здравство со Светската здравствена организација (решение бр.12-3179/1 од 21.03.2006 година), Проф. д-р Михаил Кочубовски го претседаваше петиот Петиот Форум на Меѓу-Агенциската работна група за источна Европа и централна Азија за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби. Тимот од Република Македонија беше составен и од претставници од Министерството за здравство г-ѓа Сања Саздовска и г-ѓица Нермина Факовиќ, г-ѓа Афродита Шаља Плавјанска од УНФПА и г-ѓа Весна Матевска од ХЕРА.
Свое излагање на отварањето имаа Каспар Пик, од УНФПА и Лена Лукфасел, Програмски Директор на IPPF од Брисел.
Сите претставници ги искажаа своите очекувања и цели од состанокот. Беше ажуриран акциониот план на Меѓу-Агенциската работна група за источна Европа и централна Азија за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби.
Софи Пекурт, консултант за подготовка при итни состојби и Надин Корниер, советник за хуманитарни за сексуални и репродуктивни права при УНФПА го образложија меѓу-Агенцискиот одговор на потребите за сексуално и репродуктивно здравје во скорешните кризи во Европа.
Извештајот од Светскиот хуманитарен самит со фокус на сексуално и репродуктивно здравје го образложи Емануел Русиер од УНФПА.
Беше презентиран извештај од одговорот на потребите на мигрантите/бегалците во Грција од претставници од УНФПА и Медицинарите на светот. Сличен извештај беше презентиран од УФПА претставникот од Турција.
Лена Лукфасел, Програмскиот Директор на IPPF ги претстави резултатите од прашалникот за улогата на Надзорниот комитет и одржливоста на Меѓу-Агенциската работна група и можностите за во иднина. Претседавачот на Надзорниот комитет Проф. д-р Михаил Кочубовски и другите два членови од Грузија и Узбекистан дадоа кус приказ на нивните активности и предлози за унапредување на работата.
Сања Саздовска како одговорна за сексуално и репродуктивно здравје од Министерството за здравство и Афродита Шаља од УНФПА канцеларијата во Македонија, ги презентираа спроведените активности од Акциониот план за 2016 година, успесите како и предизвиците кои ги имавме за реализација на потребите за сексуално и рапродуктивно здравје на мигрантите/бегалците во Република Македонија.
Претставниците од УНФПА и IPPF ги презентираа можностите за зајакнување на капацитетите за застапување од Минималниот почетен пакет на услуги за сексуално и рапродуктивно здравје.
Иницијативата за безбедни болници на СЗО и нејзиното значење, беше презентирана од страна на Михаил Писла, научен истражувач од Националниот центар за јавно здравје во Молдавија.
Нацрт Акциониот план за 2017 година беше презентиран и беше побарано мислење од страна на земјите учеснички.
На крајот се одржаа избори за нов состав на Надзорниот комитет. Благодарејќи на успешната работа со консензус повторно беше избран Проф. д-р Михаил Кочубовски од Република Македонија за Претседавач на Надзорниот комитет (од 6 членови) на Меѓу-Агенциската работна група за источна Европа и централна Азија за сексуално и репродуктивно здравје во кризни состојби во наредните две години.
Учество зедоа 68 претставници од 21 земји од Министерствата за здравство, Институтите за јавно здравје, УНФПА, IPPF и од граѓански здруженија од областа на сексуално и репродуктивно здравје.