ЈЗУ Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, кој според Законот за евиденции во областа на здравството е овластен носител на здравствената статистика во државата, редовно изготвува Извештај за следење, оценување и планирање на превентивната здравствена заштита на работниците.

Извештајот се однесува на збирните податоци  за видот, обемот и содржината на извршената работа во 39 овластени установи помедицина на труд кои ги доставуваат своите тримесечни извештаи до Одделението за медицина на труд и проценка на здравствени ризици на работно место кое функционира во рамките на Институтот за јавно здравје.

Податоците покажуваат дека во текот на 2019 година во овластените установи по медицина на труд се ангажирани 260 вработени лица од кои  222(85%) се здравствени работници, а 36(15%) се нездравствени работници. Вкупно 37(42%) од ангажираните доктори се специјалисти помедицина на труд.

Тие имаат реализирано вкупно 143.397 превентивни здравствени прегледи од кои 104.201 се систематски, 34.507 периодични, 4366 претходни и 323 насочени прегледи. Со тоа се постигнува опфат со превентивни прегледи на околу 18% од вкупно вработените лиза во Република Северна Македонија.

Резултатите од извршените прегледи покажуваат дека работниците што работат на работни места каде постои зголемен ризик за заболување иповредување се изложени вопросек на 2,2 професионални штетности во текот на својата работа, но дека и покрај тоа, тие се најчесто способни за обавување на својата работа. Меѓутоа, речиси секој втор работник има регистрирано промени во неговата здравствена состојба.

ИЗВЕШТАЈ ЗА СЛЕДЕЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И ПЛАНИРАЊЕ НА ПРЕВЕНТИВНАТА ЗДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА НА РАБОТНИЦИТЕ ЗА ПЕРИОДОТ ОД  2019 ГОДИНА (PDF)