rak 5

Небото е твој водич

Ракот на кожата е најчестата форма на канцер во светот денес. Добрата вест е дека можеш лесно да го спречиш или ако го откриеш рано да се лекуваш.  Сè што треба да направиш е да погледнеш кон небото.

Оваа кампања објаснува како:

  • да го спречиш ракот на кожата со заштита од оштетување од сонцето.
  • да ја користиш полната месечина како потсетување да ја спроведеш твојата месечна проверка на сомнителните лезии на кожата.

Спречи го ракот на кожата – Секогаш биди безбеден на сонце

 

rak2

Избегнувај непотребно исложување на сонце

Побарај сенка онаму каде што е можно, и избегнувај го летно сонце во средината на денот.

rak3 rak3a

 

Носи алишта кои те заштитуваат

Носи темни бои, долги ракави, шапка со широка периферија и очилата за сонце кои обезбедуваат 99-100 проценти заштита од УВ – А и УВ – Б зраци.

За децата, одбери облека што ќе ги заштитува од сонце.

rak4

Нанеси крема за сончање со заштитен фактор

Провери дали твојата крема за сончање има висок заштитен фактор против УВ – А и УВ – Б зраците. Важно е да се знае дека дејството на кремата за сончање започнува половина час по нанесувањето и трае 2 до 3 часа.

Децата се со најголем ризик да добијат долгорочни здравствени проблеми поради небезбедно изложување на сонце. Играњето надвор е важно, но никогаш не треба да дозволиш твоето дете да добие изгореници од сонце.
Превод:

Оддел за здравствена промоција и следење на болести