“Не смислувајте изговори!”

Colon Cancer logoБЕСПЛАТНИ ТЕСТОВИ ЗА РАНА ДЕТЕКЦИЈА
Програма за рана детекција на малигни заболувања во 2013 година
ОПОРТУНИСТИЧКИ СКРИНИНГ НА РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО (КОЛОРЕКТАЛЕН КАРЦИНОМ – КРК)
ЦЕЛНА ГРУПА – МАЖИ И ЖЕНИ НА ВОЗРАСТ ОД 50 ДО 74 ГОДИНИ
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА: Подобра инфомираност на граѓаните за значењето на раното откривање на КРК заради намалување на
морбидитетот (заболување) и морталитетот (смртност)

Зошто?

  • Се смета дека во развиените земји во текот на животот од рак на дебело црево заболуваат околу 4,6% мажи и 3,2% жени.
  • Во Република Македонија од рак на дебело црево годишно заболуваат околу 500 луѓе, а умираат околу 380. Во последните 10 години трендот на смртноста во Република Македонија е во пораст и тоа речиси двојно.
  • Употребата на ФОБ тестот за рано откривање на колоректален карцином во светот довело до опаѓање на стапката на смртност помеѓу 18% и 33%.
  • Како?

Бесплатни тестови за рана детекција
Очекуван одзив е околу 36 000 граѓани со потенцијален ризик

  • Матичните лекари ќе даваат ФОБ тестови, совети и упатства за правилно земање на материјал за анализа
  • Институтот за јавно здравје е координатор на сите активности во државата, стручно методолошка помош на центрите за јавно здравје, подготовка на пропаганден материјал и изготвување и водење регистар за КРК.
  • Центрите за јавно здравје ќе вршат анализа на доставениот материјал и се задолжени за координација на активностите на своето подрачје.
  • Специјалисти гастроентерохепатолози ќе спроведуваат клинички дијагностички процедури.
  • Промотивниот едукативен материјал со информации за скринингот ќе се дистрибуира преку центрите за јавно здравје и Здружението БОРКА
  • Специјален настан на 15 Март (петок)- Одбележување на Светскиот месец за превенција од рак на дебело црево во организација на Здружението за борба против рак “Борка – за секој нов ден”, поддржано од Министерство за здравство и Институт за јавно здравје, со

- Поставување на МАКЕТА на дебело црево во трговскиот центар Skopje City Mall, од 15 до 18 Март
– Обраќање на пациент кој го победил ракот на дебело црево
– Краткометражен едукативен филм со сведоштва на пациенти

Сите случаи на рак на дебело црево кои ќе бидат откриени, ќе се евидентираат во Регистарот за рак со што ќе се овозможат услови за проценка на стапката на инциденца. Центрите за јавно здравје се задолжени за координација на активностите на своето подрачје, соработка и едукација на матичните лекари, анализа на доставениот материјал со примена на ФОБ тест и консултација со матичниот лекар за понатамошни дијагностички и терапевтски процедури. Центрите ќе ги доставуваат податоците до Институтот за јавно здравје, изјави ас. д-р Шабан Мемети, директор на ИЈЗРМ
КАМПАЊА во соработка со Центрите за јавно здравје и Здружението за борба против рак – БОРКА и другите претсавници на граѓанискиот сектор има цел да придонесе за подигање на јавната свест на граѓаните за превенција на рак од дебело црево.
Затоа АПЕЛИРАМЕ до граѓаните да направат бесплатни превентивни прегледи за да можеме да превенираме за да се
Не измислувајте изговори!

Прегледајте се!

Искористете ја можноста за бесплатни ХОБ – тестови!