Здравствените работници кои работат на превенција и лекување на болеста COVID19 се склони кон оштетување на кожата и мукозните мембрани, што може да доведе до појава на акутни и хронични дерматити, секундарни инфекции и агравација на постоечките кожни болести. Ова е консензус на Kинеските експерти, а се однесува на преземање адекватни мерки на претпазливост и заштита, совети за правилно миење на рацете и заштита, поврзана со употреба на медицински ракавици, употреба на заштитни маски и очила , UV-протекција, заштита на очите, носот и оралната мукоза, ушите и косата. Неопходно е стриктно следење на упатствата за носење на заштитна опрема и спецификација на миење и стерилизација. Недоволна, но и прекумерна заштита ќе има негативни ефекти на кожата и мукозните мембрани. Истовремено, препорачливо е да се употребуваат емолиенти за нега,за да се постигне подобра заштита.

 

КОНСЕНЗУС НА КИНЕСКИТЕ ДЕРМАТОЛОЗИ ЗА ЗАШТИТА НА КОЖАТА И СЛУЗНИЦИТЕ НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ РАБОТНИЦИ КОИ СЕ БОРАТ ПРОТИВ КОРОНА ВИРУСОТ И БОЛЕСТА КОВИД-19 (ПРЕПОРАКИ-PDF)

 

ЛИНК ДО ВИДЕО: