Здравствена состојба и здравствена заштита на училишни деца и младина во Р.Македонија, 2014
Дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина се остварува во 40 места пунктови, кои сите се во град.
Во оваа дејност работат 76 лекари и 123 здравствени работници со виша и средна стручна подготовка. При тоа не е постигнат задоволителен стандард на обезбеденост со лекари на оваа групација од населението и тоа 1 лекар на 4220 деца од 7-19 години просечно за Републиката.
Не задоволува и соодносот на лекарите и здравствените работници со виша и средна стручна подготовка кој изнесува 1:1,5
Вкупниот обем на превентивни здравствени услуги и активности извршени во 2014 година бележат пораст од 13.7 индексни поени во однос на 2013г.
Дијаграм 1
Извор: ИЈЗРМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2013 и 2014
Морбидитет регистриран во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2014
Во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина во 2013 година регистрирани се вкупно 681 539 заболувања што е за 12.8% повеќе во однос на претходната година.
Стапката на морбидитет е зголемена на 20241.2%оо во 2014 година во однос на 17950.0%оо од 2013 година
Во структурата на поедините групи на болести, респираторните се повторно на првото ранг место со учество од 44% во вкупниот број и стапка на морбидитет од 8927,4%оо.
На второ место се болести на кожа и поткожно ткиво со 5.9% учество и стапка од 1194.4%оо; на третото место се болести на дигестивниот систем со учество од 4.3% и стапка од 875.3%оо; на четвртото место се болести на око и аднекси со учество од 3.8% и стапка од 770.8%оо; на петтото место се одредени инфективни и паразитарни болести со учество од 3,7% и стапка од 751.2%оо и. т. н.
Дијаграм 2 и 3
Извор: ИЈЗРМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2014
Извор: ИЈЗРМ – Извештај на Службата за здравствена заштита на училишни деца и младина, 2014
Во споредба со претходната година забележан е тренд на зголемување кај кај инфективните и паразитски болести за 5,9%; конгенитални малформации за 3,4%; кај болести на респираторен систем за 13,7%; ендокрини, нутритивни и метаболички болести за 5,3%; кај душевните растројства и растројства на обноските за 3,5%; кај болести на увото за 26,2%; кај болести на циркулаторен систем за 6,2%; кај болестите на нервниот систем за 8%; кај болестите на мускуло-скелетниот систем за 12,2%; кај болестите на окото и аднексите за 0,9%; кај болестите на генито-уринарниот систем за 13%; кај болестите на кожата и поткожното ткиво за 6,9%, а кај следните болести се бележи тренд на намалување и тоа: во 2014 во споредба со 2013г; кај повреда и труење за 25,1%; кај болестите на дигестивниот систем за 0,6%; и.т.н.
Морталитет регистриран во дејноста за здравствена заштита на училишни деца и младина
Во 2014 година регистрирани се вкупно 128 умрени лица на возраст од 5-24 години и стапка од 24.6%оо.
Дистрибуцијата по возраст покажува дека младите луѓе од 15-24 годишна возраст се најзастапени во вкупниот морталитет на оваа популација и тоа со 75% учество и стапка од 33,2%оо.
Дистрибуцијата по пол покажува дека машките деца се повеќе застапени во морталитетот во однос на женските.
Морталитет според возраст и пол, 5-24, РМ, 2014 (стапка/100000)
Препораки:
- подигање на свеста на младите преку програми за здравствена едукација на сите нивоа со цел укажување на значењето за сопственото здравје и севкупната благосостојба;
– активно учество во имплементација на здравствените програми со цел примена на знаењата стекнати со здравствена едукација за здрави животни стилови;
- подигање на свеста на младите за ризикот кој постои кај нивното здравје со цел намалување на ризичното однесување.