Меморандумот за соработка е потпишан на 24 март 2022 година помеѓу ИЈЗ, претставен од Директорот доц. д-р Шабан Мемети и Тесалис (Tesalys), поедноставено акционерско друштво, производител на опрема за третман на инфетивен отпад на лице место, со седиште во Франција, претставено од претседателот Miquel Lozano.
Двете страни го потпишаа договорот заради:
-препознавање на заеднички интерес во полето за третман на инфективен отпад на лице место, тренинг и развој и дисеминација на знаењето
-препознавање на важноста на корисничката улога во промоција на здравјето и благосостојбата на населението во РСМ преку научни знаења, пракса, информации и организациони партнерства и одржлив импакт на јавно-здравствените политики
-препознавање на важноста на сопственикот на проектот во рамките на неговото поле на експертиза, како техничка поддршка, финансиска поддршка и производство на опрема за третман на инфективен отпад на лице место
Овој меморандум ќе им овозможи на двете страни да:
-се поттикне соработка во развој и имплементација на опрема за третман на инфективен отпад на лице место во Северна Македонија
– да се постави основа за потенцијално финансирање во опрема за третман на инфективен отпад на лице место во Северна Македонија
-да се зајакнат иновативните капацитети на локалните индустрии
Амбасадата на Р.Франција ќе донира на ИЈЗРСМ нов Автоклав со дробење кој ќе го третира на безбеден начин инфективниот отпад што се создава во ИЈЗРСМ. Автоклавот со дробење ќе биде еколошки пријателски ориентирана технологија која не ја загадува животната и работната средина и го намалува влијанието на климатските промени.
Планирано е да се инсталира во септември 2022 година. Со новиот автоклав со дробење ќе се намали и нашиот Карбон футпринт и со тоа даваме позитиван придонес.