- Рак е болест која не познава граници и има, или ќе има директно или индиректно влијае врз сите нас, во текот на нашиот живот.
- Преземените дејствија од страна на секој човек, организација и влада ќе помогнат да се намали товарот од рак, да се постигне целта за намалување на 25% од прераните смртни случаеви од хроничните незаразни болести до 2025 година.
- Светскиот ден на ракот претставува можност за вклучување на Унијата за меѓународната контрола на рак, нејзините членови и јавноста во некое глобално движење насочено кон локално релевантни и остварливи дејствија кои ќе помогнат во намалување на товарот од рак.
- Ракот е една од водечките причини за смртност во светот, одговорен е за 8,2 милиони смртни случаеви годишно.
- Ние знаеме дека повеќе од една третина од овие смртни случаи можат да се спречат. Многу видови на рак можат да се излекуваат доколку се откријат во раната фаза.
- На глобално ниво имаме зголемување на свеста на населението за ракот и се преземаат мерки за спречување и лекување на болеста, да не се губат непотребно, милиони животи во светот, на годишно ниво.
- Ние мораме да дејствуваме сега, бидејќи глобалната епидемија на рак е огромна и се повеќе ќе се зголемува. Се предвидува дека во 2025 година, таа бројка ќе се зголеми на19,3 милиони, во однос на 14,1 милион во 2012 година.