За поголемиот дел од Европскиот регион на СЗО, треба да бидеме подготвени за долго, жешко лето. Временските услови предвидуваат претстојното лето да биде потопло и посуво од вообичаеното во Регионот заради климатските промени. Јавноста, здравствените работници и јавните здравствени власти треба да бидат подготвени за топлотни бранови и да ги спречат и да се справат со можните здравствени последици од изложеноста на прекумерна топлина. Ова е особено важно оваа година заради тековните проблеми со појава на коронавирусна болест (COVID-19) сите вклучително и вулнерабилните треба да бидат советувани да останат дома како што се воспоставени препораките.

Фреквенцијата, интензитетот и времетраењето на топлотните бранови се зголемуваат, со значителен засилувачки тренд во Регионот, што е многу загрижувачко за Јавното здравство. Поради климатските промени, потенцијалот за опасна изложеност на екстремна топлина се влошува во последните децении и ќе продолжи да се влошува во Регионот во иднина. Неодамнешните студии проценуваат дека веројатноста за затоплување е зголемена за 31 европски град (престолнини на Европската унија плус Лондон, Москва, Осло и Цирих) и откриле дека сите испитани европски метрополитски области ќе бидат поранливи на екстремната топлина во наредните децении. Научниот консензус е дека климатските промени ќе ја зголемат оптовареноста со заболувања поврзано со топлината, доколку не спроведеме силни нивоа на адаптација. Ова е исто така од големо значење за да се избегне дополнително оптеретување на системите за здравствена заштита во време кога тие веќе беа строго напрегнати за лекување на пациенти со COVID-19 во 2020-2021 година.

Секоја година, високите температури влијаат на здравјето на многу луѓе, особено постарите лица, новороденчињата, луѓето кои работат на отворено и хронично болните. Топлината може да предизвика исцрпеност и топлотен удар и може да ги влоши постојните состојби – како што се кардиоваскуларни, респираторни, бубрежни или ментални заболувања. Несаканите влијанија врз здравјето на топлото време во голема мерка се спречуваат преку добра пракса на јавно здравје, истовремено следејќи ги советите за да се заштитите од COVID-19.

Чувајте се оладени на топло.

За време на топлотните периоди, важно е да се оддржи свежина, за да се избегнат негативните здравствени ефекти на топлината.

Чувајте се вон од топлината.

Избегнувајте излегување и вршење напорна активност за време на најжешкото време од денот. Искористете ги предностите на специјалното време на шопинг за ранливите групи кога и да е достапно. Останете во сенка, не оставајте деца или животни во паркирани возила, и доколку е потребно и можно, поминете 2-3 часа на ден на ладно место, дотогаш почитувајте физичко растојание од најмалку 1 метар.

Одржувајте го Вашиот дом ладен.

Користете го ноќниот воздух за да го оладите вашиот дом. Намалете ја оптовареноста на топлина во станот или куќата во текот на денот со користење на ролетни и исклучувајте што е можно повеќе електрични уреди.

Чувајте го Вашето тело ладно и хидрирано.

Користете лесна и лабава облека и постелнина, практикувајте ладни тушеви или бањи и пијте безбедна вода редовно, додека избегнувате пијалоци со шеќер, алкохолни или кофеини.

Останете на ладно за време на COVID епидемијата.

Избегнувајте изложеност на сонце или на температури повисоки од 25°C, бидејќи нема докази дека ова спречува или лекува COVID-19 и го зголемува ризикот од сончање и болести поврзани со топлината. Може да го фатите COVID-19 без оглед колку е сончево или топло времето, затоа заштитувајте се себе си и другите со тоа што редовно ги миете рацете, кашлате во преклопен лакт или ткаенина и избегнувајте допирање на лицето.

Додека се грижите за себе, планирајте да проверите на семејството, пријателите и соседите кои поминуваат поголем дел од своето време сами. На ранливите луѓе можеби им треба помош во жешките денови, и ако некој што го познавате е во опасност, помогнете им да добијат совет и поддршка додека ги почитуваат препораките за физичко растојание.

Планови за дејствување на топлина и здравје.

СЗО / Европа им препорачува на земјите и регионите да развијат и имплементираат планови за дејствување на топлина. Овие планови имаат за цел да ги спречат, реагираат и содржат ризиците поврзани со топлината врз здравјето и истите треба да вклучуваат мерки за долгорочна превенција, среднорочна подготовка и краткорочни итни мерки. Особено оваа година, се препорачува да се прегледаат дури и постојните акциони планови за заштита на здравјето, за да се земат предвид воспоставените мерки за намалување и спречување на пренесување на COVID-19. Република Северна Македонија со Акциониот План за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението во Република Македонија кој е усвоен од Владата во 2011 година спроведува превентивни активности за спречување и минимизирање на потенцијалните штетни здравствени ефекти од високите температури.

 КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН?(PDF-македонски јазик)

 КАКО ПРОТИВ ТОПЛОТНИОТ БРАН?(PDF-албански јазик)

ЗДРАВСТВЕНИ ПРЕПОРАКИ ЗА ТОПЛОТО ВРЕМЕ (PDF-македонски јазик)