Секоја година на 28 април се одбележува Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, кој е  посветен на оддавање почит на сите работници што своите животи ги изгубиле поради повреда на работа или професионални болести. Во фокусот на овогодинешното одбележување е пандемијата и потребата за градење на посоодветни системи за безбедност и здравје при работа за заштита на здравјето на работниците.

Во среда, на 28 април 2021 година со почеток во 12.00 часот пред зградата на Министерството за здравство и  Институтот за јавно здравје (ул. 50 Дивизија бр.6, Скопје) симболично ќе засадиме дрвца, во спомен на сите загинатите работници од повреди на работа во текот на минатата година и оддавајќи им почит на починатите 30-мината здравствени работници кои животот го изгубија на своите работни места во борбата со Ковид-19.

Ве покануваме да бидете дел од оваа меморијална свеченост, со почитување на препораките од Протоколот за начинот и условите на организирање на настани на отворено1.

ВЕЧНА ИМ СЛАВА!

 

1Протоколи кои произлегуваат од планот за спречување на ширење на корона вирусот: Прилог бр.43 – Протокол за начинот и условите за организирање на настани на отворено https://vlada.mk/protokoli-koronavirus