Почитувани,
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија, во соработка со НВО “Здрава иднина” и поддршка од Министерството за здравство, по повод 29 септември – Светскиот ден на срцето организира пригодна програма за одбележување на овој ден на 29 септември 2019 (недела) со почеток од 8,30 часот до 13,00 часот во Градскиот парк кај Школка во Скопје.
Оваа година, мотото е БИДИ ХЕРОЈ НА СРЦЕТО, ДАЈ ВЕТУВАЊЕ со основна цел и понатаму да потсетиме на значајноста на здравиот стил на живот и редовните превентивни прегледи за навремено откривање на болестите на срцето и спречување на прераната смрт.
На присутните граѓани на настанот ќе им се одредува шеќер и холестерол во крвта, ќе се мери крвниот притисок, ќе се одредува индексот на телесната маса (ИТМ) преку мерење на телесната висина и телесната тежина, ќе им се даваат стручни совети во врска со нивната здравствена состојба и ќе им се делат флаери и друг вид здравствено-едукативен материјал од страна на здравствени работници од Институтот за јавно здравје на РСМ и Клиниката Жан Митрев. На настанот ќе се делат и подароци, како придонес од Институтот за јавно здравје, Хемофарм, НВО Здрава иднина и др.
Во 12,00 часот ќе се дадат изјави за мас медиумите од страна на стручни лица од ИЈЗРСМ и НВО Здрава иднина, а во рамки на програмата ќе се презентираат јога вежби и вежби за рекреација, исто така од компетентни лица, пропратени со адекватна музика. На настанот се поканети претставници од Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, претставници на младите, претставници на велосипетски друштва, здруженија на граѓани, пензионери и др.
Се надеваме дека и оваа година сите заедно достојно ќе го одбележиме Светскиот ден на срцето!
Ве очекуваме!
Во партнерство со:
Со почит,
Институт за јавно здравје на Република Северна Македонија