18.03.2020

 

БАКТЕРИОЛОШКИ ИСПИТУВАЊА

 

Прием на материјали:

  • Сите приемроци за бактериолошки испитувања потребно е да се доставуваат во чист надворешен контејнер. Персоналот кој го доставува материјалот, не треба да носи ракавици, како доказ дека надворешната површина на пакувањето е чисто. Примероците претходно треба да се најават и да се предадат на рака на лабораторискиот техничар, а техничарот го носи контејнерот во комора за безбедна работа (биолошки безбедносен кабинет – ББК) со второ ниво заштита (ББК-2).

 

Припрема на примерокот за обработка:

  • Сите примероци се засадуваат во комора за безбедна работа
  • Вклучете ја комората за безбедна работа на почетокот од работата
  • Почекајте додека вентилаторот на комората ја обезбеди потребната брзина за безбедна работа
  • Бидете сигурни дека во комората ви се наоѓа целиот потребен материјал за работа: ези за еднократна употреба, потребни плочи и медиуми за засадување на материјалот, вортекс, шприцеви и игли, пипетори и наставци, алкохолен дезинфициенс, контејнер со кеса за оставање на употребениот прибор и контејнер за остри предмети
  • Површината на комората (делот на кој ги дезинфицираме примероците и го вршиме засадувањето) да се покрие со подебела хартиена вата (хартиени брисачи или лигнин)
  • Надвор од комората припремете алкохолен дезинфициенс за раце
  • Надвор од комората припремете сад (тацна) на која ќе ги ставите засадените подлоги
  • Надвор од комората припремете пластичен сад со дезинфициенс за дезинфекција на заштитните наочари и контејнерот во кој пристигнале примероците. Доколку го подготвувате растворот за дезинфекција, бидете сигурни дека е свежо подготвен (последните 24 часа).
  • Припремете канта и посебна кеса за инфективен отпад, отворете го капакот за да биде спремна за исфрлање на отпадот

 

Постапка при обработка на примероците – се работи во пар (еден лаборант дава инструкции и ги контролира постапките на лаборантот кој работи, облекува заштитна опрема и ги спроведува примероците на обработка)

  • Да се дезинфицираат рацете со алкохолен дезинфициенс 30 секунди
  • Да се облече мантил за еднократна употреба со долги ракави, да се стави капа на главата со цел да се отстрани косата од лицето, ресираторна маска над капата, заштитни очила или друг тип заштита на очи и на крај се ставаат ракавиците над ракавите од мантилот
  • Да се извадат пристигнатите примероци од надворешниот контејнер во кој се пристигнати, контејнерот да се потопи во претходно припремен пластичен сад со дезинфициенс за површини (свежо подготвен, 24ч)
  • Шишенцата за хемокултура во заштитната комора да се пребришат со памук (или лигнин) натопен претходно во алкохолен дезинфициенс. Потоа се ставаат на тацна надвор од комората. (тацната да не се допира со ракавици)
  • Ликворот од епрувета со игла и шприц се засадува на соодветните подлоги, потоа истите се ставаат на тацна надвор од комората – не се прави препарат по Грам, (ако стигнат веќе направени препарати истите остануваат на сталак во комора)
  • Останатите примероци се садат според вообичаена постапка, не се прават препарати по Грам од ниту еден примерок
  • По засадувањето, примероците и искористениот прибор да се фрлат во отпад за инфективен материјал во заштитната комора.
  • Засадените подлоги да се стават во посебен сад (тацна) надвор од заштитната комора (тацната не се допира со ракавици)
  • Лигнинот со кој е покриена работната површина внатре во комората во која се работеле примероците, да се натопи со дезинфициенс, (истиот со кој претходно се дезинфицираа шишињата за хемокултури), да се пребрише просторот кој го покривал и да се фрли во канта за инфективен отпад
  • Кесата со инфективен отпад од контејнерот која е во заштитната комора да се фрли во претходно подготвената посебна кеса или канта за инфективен отпад
  • Да се извадат ракавиците (да се фрлат во посебна кеса/канта за инфективен отпад)- да се дезинфицираат рацете – да се соблече мантилот (да се фрли во посебна кеса/канта за инфективен отпад), да се дезинфицираат рацете
  • Да се извадат заштитните наочари (или другиот вид заштита на очите) и да се стават во пластичниот контејнер со дезинфициенс. Да се остават таму 15минути
  • Да се извадат маската и капата (да се фрли во посебна кеса/канта за инфективен отпад), да се дезинфицираат рацете
  • Со чисти раце да се стават хемокултурите во апарат за хемокултури
  • Со чисти раце да се однесе тацната со засадени подлоги во термостат во делот одреден за примероци за пациенти со COVID19
  • Ако очекувате уште примероци, комората да се стави на “stand by” позиција. УВ ламбата може по потреба да се вклучи со притискање на иконата со знакот на УВ ламба
  • Исклучете ја заштитната комора при што автоматски се вклучува УВ ламбата и со тоа почнува периодот на стерилизација на просторот во заштитната комора
  • По стерилизиацијата на работниот простор на заштитната комора со УВ зраци, да се стави нова кеса во контејнерот за инфективен отпад внатре во заштитната комора
  • Наочарите и контејнерот за транспорт на примероци откако ќе отстојат 15 мин. натопени во дезинфициенс, се вадат се чистат со хартија или крпа за еднократна употреба натопена во свежо приготвен дезинфициенс, се мијат под вода и се ставаат на тацна да се исушат, па суви се оставаат на место
  • На крај на работно време обавезно да се исклучи заштитната комора

 

 

Постапка во случај на инцидент (истурање на заразен материјал):

  • Престанете со работа и, со носење на целосна заштитна опрема, да се постапи по вообичаената постапка:
  • Покријте ја загадената површина со хартиен памук (лигнин) и натопете со дезинфициенс за површини (свежо подготвен,во рок од 24 ч.), оставете да отстои 15 минути.
  • По 15 минути, носејќи заштитна опрема, соберете ја хартијата (лигнинот), ифрлете го во инфективен отпад и избришете ја површината со дезинфициенс за површини.

 

Отстранување на заразен отпад од пациенти за кои постои сомневање дека имаат инфекција со COVID-19 – работа во парови (техничарот дава упатства и ги контролира процедурите на подготвувачот):

  • кесата со инфективен отпад од пациентите за кои постои сомневање дека имаат COVID-19 инфекција, рачно со ракавици да се заврзе – да се префрли во друга кеса за инфективен отпад (подготвена во втората канта) без допирање на втората кеса и корпа за отпадоци, а потоа исфрлете ги користените ракавици во втората кеса и со рацете без ракавици ја врзувате втората кеса. Пренесете ја кесата во црвената канта за транспорт на инфективен отпад, кој што се транспортира до одреденото место за инфективен отпад.

Постапка во случај на инцидент (пукната или протекувачка кеса со инфективен отпад):

  • префрлете ја кесата во втора (секундарна) кеса, прекинете со работа, извадете ги ракавиците, дезинфицирајте ги рацете, облечете ја целосно заштитната опрема и постапете со вообичаена постапка како што е опишано погоре во „Постапка во случај на инцидент (истурање на заразен материјал)“
  • Контаминираната површина покријте ја со хартиен памук (лигнин) и натопете со дезинфициенс за површини (свежо подготвен,во рок од 24 ч.), оставете да отстои 15 минути.
  • По 15 минути, носејќи заштитна опрема, соберете ја хартијата (лигнинот), ифрлете го во инфективен отпад и избришете ја површината со средство за дезинфекција на површини.

 

 ПРЕВЗЕМИ PDF