На 09.03.2022, во просториите на Стопанска комора на Македонија-Турција (MATTO – Macedonia Turkey Chamber of Commerce) беше потпишан Меморандум за соработка меѓу MATTO и Институтот за јавно здравје на Република Северна Македонија, со кој се отвори можност за нивна заедничка интензивна соработка.
На средбата, од ИЈЗ партиципанти беа Директорот – доц. д-р Шабан Мемети, раководителот на Одделот за здравствена екологија – проф. д-р Михаил Кочубовски и д-р Џансун Буковец, додека пак, од МАТТО на состанокот беа присутни Претседателот– Ајдован Адемоски и членовите на Управниот одбор.
Доц. д-р Шабан Мемети имаше свое обраќање, а проф. д-р Михаил Кочубовски ги презентираше можностите за соработка меѓу ИЈЗ и МАТТО.
Со оваа средба, Институтот за јавно здравје уште еднаш ја покажа својата отвореност за соработка со приватниот сектор, кој го приоритизира јавното здравје.