ИЈЗРМ – Центар за обука на професионалци за интервентна епидемиологија
Македонската делегација предводена од првиот човек на Институтот за јавно здравје, Асс. др. Шабан Мемети како Национално контакт лице, присуствуваше на состанок на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија) во Тунис.
Македонија, преку Институтот за Јавно Здравје (ИЈЗ РМ) е активен член во проектот MediPIET подржан од Европска Унија, a под научно водство на ЕЦДЦ (Европски центар за контрола и превенција на болести) и Шпанскиот Институт за Здравје Карлос III, во кој се вклучени повеќе од 25 земји од Медитеранскиот регион и дел од земјите од Црноморскиот регион.
Како резултат на работа на развој на научни документи и водичи за MediPIET, ИЈЗ како активен член на проектот од 2012 година, е избран како еден од четирите пилот MediPIET . Центри за обука на професионалци од областа на интервентна епидемиологија.
Целта на MediPIET е создавање на стручен кадар на доктори од областа на интервентна епидемиологија преку двегодишна тренинг програма, но и тренинг курсеви за континуирана едукација на епидемиолози и доктори.
На состнокот во Тунис, директорот на ИЈЗ Асс. Др. Шабан Мемети ги презентерише достигнувањата на ИЈЗ во однос на MediPIET.
Појавата на нови заразни болести и болести кои се повторуваат (Ебола, MersCoV, WNV, маларија, итн…) за чија контрола е потребна меѓугранична соработка, координиран одговор и соодветен стручен кадар го зголемува значењето и ја потенцира неопходноста на MediPIET (Медитеранска програма за интервентна епидемиологија), изјави Мемети како претседавач на Тренинг Центар Форумот на MediPIET во Тунис.