Од 20-23 септември 2022 година, беше одржана работилница во х. Александар Палас во Скопје, организирана од страна на СЗО, на која присуствуваа и претставници од Институт за јавно здравје (ИЈЗ), 10 Центри за јавно здравје, Министерство за здравство, Институт за епидемиологија и биостатистика со медицинска информатика, при Медицински факултет, Скопје. Работилницата ја организираше СЗО, а обуката ја спроведоа експерти од Epi concept, со поддршка од USAID North Macedonia.

Целите на обуката беа да се разберат начелата на работата на епидемиолозите, епидемиолошкиот надзор, системот за надзор во РСМ и како да се менаџираат податоците. Сублимирање на знаења и искуства во врска со истражување на епидемии и трендови, клучни концепти, студии на случаи, методологија, комуникација и логистичка поддршка, во разработка на ексел програми и бази.

Имплементирани беа активности за собирање идеи и искуства, прашања, дискусија, презентации од учесниците, вежби, студии на случаи и групна работа.

Прим. д-р Жарко Караџовски одржа презентација на тема Епидемиолошки надзор над заразни заболувања во РСМ, базични принципи и начин на функционирање. Фацилитатори беа претставниците на ИЈЗ, МЗ и Медицински факултет.

Проценката на ризикот овозможува правилно планирање и приоритизирање на напорите за спречување, мигрирање, рано откривање, подготовка за ефикасен одговор и справување со одредена здравствена вонредна состојба или природна катастрофа.

Презентациите, и резултатите од практичната работа од работилницата  беа доставени до сите учесници за понатамошно користење во рутинската работа.

 

Фотографии: СЗО