Директорот на државниот завод за Статистика г. Апостол Симовски и  директорот на Институт за јавно здравје доц. др Шабан Мемети, на датум 12.07. 2019 потпишаа заеднички договор за обезбедување и доставување на податоци за  спроведување на статитички истражувања предвидени согласно законски и подзаконски акти и легислатива. Овој договор е од големо значење за здравствена статистика посебно во делот на изработка на истражувања  од  индивидуалните  евиденции од здравствена област за одредени заболувања за кои се водат национални регистри. Воспоставување на соработка меѓу двете Институции од овој домен е од суштинско  значење за подобрување на квалитет на медицинска евиденција.

Примањето и размената на медицинските информации на пациентите се од витално значење за добар квалитет и ефикасна нега(посебно за пациенти со постоечки хронични состојби), во интерес на пациентите, здравствениот сиситем и креирање на здравствени ефикасни и ефективни политики во Северна Македонија. Преносливоста и интероперабилноста на здравствените информации се актуелни прашања во цел свет за подобро координиран здравствен систем. Заедничка можност за интероперабилност на национално ниво е клучен фактор за соединување на вертикална и хоризонтална соработка меѓу  сите институции од домен на здравствени и други податоци потреби за понатамошни статистички истаржувања во интерес за државата.