Институтот за јавно здравје изрази поддршка на кампањата на Владата на РМ за подигање на свеста на граѓаните во врска со улогата што прикладната исхрана и физичка активност ја имаат во зачувување на здравјето.

На прес конференцијата одржана во ИЈЗРМ, началникот на Одделението за физиологија и мониторинг на исхрана ас. д-р Игор Спироски ги презентираше податоците за нутритивниот статус на децата од различни возрасти во Република Македонија. Презентираните податоци се резултат на активностите на  ИЈЗРМ и на Центрите за јавно здравје во РМ, во рамките на Националната годишна програма за јавно здравје на Министерството за здравство

ТРЕНДОВИ НА ЗГОЛЕМЕНА ТТ И ДЕБЕЛИНА КАЈ ДЕЦА PDF