Институтот за јавно здравје на Република Македонија ќе одржи конференција за печат во вторник, 6 февруари 2018, во 11 часот во горната сала.
Повод е 4 февруари – Светскиот ден за борба против ракот кој годинава се одбележува под мотото: НИЕ МОЖЕМЕ. ЈАС МОЖАМ.
На пресот ќе бидат презентирани податоци за смртноста од малигни заболувања во Република Македонија во период од 2010 до 2016 година и препораките за превенција од Интернационалната унија за превенција на рак.
Вашето присуство ќе придонесе во одбележување на овој ден преку информирањето на јавноста.
А Г Е Н Д А
За прес конференција по повод 4 февруари – Светски ден за борба против ракот
Мото: НИЕ МОЖЕМЕ. ЈАС МОЖАМ.
Почеток: 11,00 часот. Траење – 45 минути
- Порака на Интернационалната унија за контрола на ракот
Ас. д-р Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје
- Активности во Р. Македонија за превенција на малигните болести
Проф. д-р Елена Ќосевска, раководител на Сектор за промоција, анализи и следење на незаразни болести
- Состојба со смртноста од малигни заболувања во Р. Македонија
М-р д-р Вјоса Речица, началник во Центар за статистичка обработка на здравствени податоци, публицистика и едукација
- Клучни пораки за заедниците и индивидуите за превенција на ракот
М-р д-р Тања Лековска Стоицовска , началник во Секторот за промоција, анализи и следење на незаразни болести
- Прашања и одговори