Петти состанок на Комитетот за итни случаи согласно Меѓународниот здравствен правилник (МЗП 2005) поврзан со микроцефалија, невролошки заболувања и Зика
18 ноември 2016
Петтиот состанок на Комитетот за итни случаи за Зика и микроцефалија свикан од страна на генералниот директор, согласно Меѓународниот здравствен правилник (МЗП 2005), а поврзан со микроцефалија, невролошки заболувања и Зика вирусот се одржа во вид на телеконференција на 18 ноември 2016 година.
Комитетот беше информиран за имплементацијата на привремените препораки кои генералниот директор ги соопшти како резултат на советите од претходните четири состаноци. Комитетот беше информиран за најновите случувања поврзани со географското ширење на Зика вирусот, епидемиологијата, микроцефалија и други неонатални компликации поврзани со Зика вирусот, Guillain-Barre синдромот и тековните сознанија за сексуалниот пренос на Зика вирусот.
Следните Државите членки обезбедува информации за микроцефалија, GBS и други невролошки нарушувања кои се јавуваат во присуство на трансмисија на вирусот на Зика, како и мерките за контрола кои се спроведуваат: Бразил, Тајланд и САД.
Јавно-здравствената итност од меѓународно значење (PHEIC) објавена од страна на генералниот директор на СЗО доведе до светски итен и координиран одговор, осознавање на Зика вирусната инфекција и последиците кои претставуваат мошне значаен долгорочен проблем кој мора да биде управуван од страна на СЗО, државите членки и останатите партнери на начин на кој се управува со другите закани од заразна болест.
Комитетот првично прогласи Јавно-здравствената итност од меѓународно значење (PHEIC) во февруари 2016 година, на основа на регистриран кластер на микроцефалија и други невролошки нарушувања пријавени во Бразил, после сличен кластер во Француска Полинезија и географската и временска поврзаност со Зика вирусната инфекција, која бараше итно и координирано истражување. Со оглед на тоа што истражувањата ја потврдија врската помеѓу Зика и микроцефалија, Комитетот процени дека сега е потребен стабилен, долгорочен, технички механизам за управување на глобалниот одговор.
Комитетот процени дека Зика вирусот и последиците од него и натаму се сериозен јавно-здравствен предизвик кој бара интензивна акција, но повеќе не претставува PHEIC дефинирано во рамките на Меѓународниот здравствен правилник. Многу аспекти на оваа болест и последиците од неа допрва треба да се разберат, но тоа најдобро може да се направи преку постојано истражување. Комитетот препорача дека тоа треба да пренесе во континуирана програма за работа со ресурси за решавање на долгорочната природа на болеста и последиците од нив.
Комитетот ги разгледа препораките дадени на претходните средби и се согласи дека СЗО и партнерите систематски одговориле на советите. Исто така, Комитетот го разгледа и се согласи со планот на СЗО (ZIKA TRANSITION PLAN) за кој е наведено дека ќе воспостави механизам на одговор на подолг рок, кој обезбедува постигнување на стратешки цели кои се веќе идентификувани во Планот за стратешки одговор за Зика.
Врз основа на овој совет, генералниот директор на СЗО прогласи крај на Јавно-здравствената итност од меѓународно значење (PHEIC). Генералниот директор повторно ги препорача привремените препораки од претходните состаноци на Комитетот кои ќе бидат вклучени во механизмот за долгорочен одговор. Генералниот директор им се заблагодари на членовите на Комитетот и советниците за нивните совети во текот на изминатата година.
Неавторизиран превод од страна на ИЈЗ РМ
http://www.who.int/mediacentre/news/statements/2016/zika-fifth-ec/en/