Состојба со COVID-19 во Северна Македонија и светот
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 12-20.06.2020
Тестирани се вкупно 10.171 материјал во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2. Регистрирани сe вкупно 1.406 нови позитивни случаи од 26 градови во државата (Табела 1). Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=819; 58,3%) и Тетово (n=199; 14,2%).
Од вкупниот број на тестирани, 326 припаѓаат на таргетираниот скрининг во градинките и домовите за стари лица, а регистрирани се 4 позитивни случаи во градинки во Струга и Штип.
Табела 1. Дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 12-20.06.2020
ЦЈЗ/ПЕ | Број на заболени | Починати |
Скопје | 819 | 35 |
Тетово | 199 | 11 |
Куманово | 74 | 9 |
Ресен | 56 | 1 |
Струга | 53 | 3 |
Охрид | 45 | 1 |
Штип | 35 | 1 |
Дебар | 27 | |
Гостивар | 26 | 2 |
Велес | 16 | 1 |
Битола | 10 | |
Свети Николе | 7 | |
Прилеп | 6 | 1 |
Кавадарци | 5 | |
Кичево | 5 | |
Кочани | 5 | |
Крива Паланка | 3 | |
Струмица | 3 | |
Крушево | 2 | |
Гевгелија | 2 | |
Пехчево | 2 | |
Валандово | 2 | |
Пробиштип | 1 | |
Неготино | 1 | |
Демир Капија | 1 | |
Кратово | 1 | |
Вкупно | 1406 | 65 |
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 340 (24,2%) позитивни. Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=273; 19,4%), 50-59 (n=261; 18,6%) и од 40-49 години (n=229; 16,3%). Најмал број е регистран кај децата од 0-9 (n=53; 3,8%) и 10-19 години (n=58; 4,1%).
Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 708 (50,4%) лица од женски и 698 (49,6%) од машки пол.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=1.246; 88,6%), регистрирани се 232 (18,6%) хоспитализирани, а кај 406 (32,6%) лица е регистрирано присуство на коморбидитети.
Од вкупниот број на нови случаи, 487 (39,1%) имаат контакт со потврден случај. Регистрирани се 6 лица со историја на патување (во последни 14 дена).
По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравено се води 231 лице кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.
Пријавени се 65 смртни случаи од 10 градови (Табела 1). Најголем дел од случаите се на возраст над 60 години (n=54; 83,1%). Од починатите, 62 биле хоспитализирани, а 3 починале во вонболнички услови. Коморбидитети се регистрирани кај 58 починати лица.
КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА
Заклучно со 20.06.2020, пријавени се вкупно 5.106 случаи на COVID-19 (I=245,8/100.000).
Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 32 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово и Тетово, додека највисок морталитет се регистрира во Струга, Куманово и Прилеп. Од градовите каде што е регистриран поголем број на случаи највисок леталитет се регистрира во Струга (Табела 2).
Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, 2020
Дистрибуција по ЦЈЗ/ПЕ | Вкупно | Инциденца /100 000 | Умрени (вкупно) | Морталитет/100 000 | Леталитет |
Вкупно | 5.106 | 245,8 | 238 | 11,5 | 4,7% |
Скопје | 2.498 | 404,4 | 82 | 13,3 | 3,3% |
Куманово | 692 | 485,0 | 36 | 25,2 | 5,2% |
Тетово | 534 | 267,3 | 38 | 19,0 | 7,1% |
Штип | 267 | 506,9 | 4 | 7,6 | 1,5% |
Прилеп | 231 | 242,3 | 19 | 19,9 | 8,2% |
Струга | 170 | 250,5 | 26 | 38,3 | 15,3% |
Велес | 165 | 249,0 | 11 | 16,6 | 6,7% |
Охрид | 99 | 176,4 | 2 | 3,6 | 2,0% |
Дебар | 82 | 295,4 | 4 | 14,4 | 4,9% |
Гостивар | 82 | 68,5 | 7 | 5,8 | 8,5% |
Кочани | 59 | 123,0 | 2 | 4,2 | 3,4% |
Ресен | 59 | 360,8 | 1 | 6,1 | 1,7% |
Битола | 40 | 39,2 | 2 | 2,0 | 5,0% |
Неготино* | 19 | 81,0 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Свети Николе | 14 | 68,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Пробиштип | 12 | 78,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кавадарци | 11 | 25,6 | 1 | 2,3 | 9,1% |
Крива Паланка | 11 | 46,0 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Струмица | 10 | 10,6 | 1 | 1,1 | 10,0% |
Гевгелија** | 9 | 26,2 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кичево | 8 | 14,0 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Валандово | 6 | 50,6 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Крушево | 5 | 52,5 | 1 | 10,5 | 20,0% |
Пехчево | 5 | 100,1 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Радовиш | 4 | 12,3 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Кратово | 4 | 41,8 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Македонски Брод | 3 | 26,8 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Виница | 3 | 15,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Берово | 2 | 15,4 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Демир Хисар | 1 | 11,9 | 0 | 0,0 | 0,0% |
Делчево | 1 | 4,2 | 1 | 4,2 | 100,0% |
*10 лица се жители на Демир Капија **2 лица се жители на Богданци
Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Штип со 506,9 заболени на 100.000 жители, Куманово (485,0/100.000), Скопје (404,4/100.000) и Ресен (360,8/100.000), додека инциденца со над 150 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Дебар, Тетово, Струга, Велес, Прилеп и Охрид (Табела 2, Картограм 1).
Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија
Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 2.503 машки и 2.603 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 241,5/100.000, додека кај женските 252,1/100.000.
Возраста на заболените се движи од 0 до 97 години (просек – 43,8 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 1.098 (21,5%) со инциденца од 286,5/100.000, а највисока специфична инциденца од 344,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (958 заболени). Најниска инциденца од 104,9 и 99,9на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 240 и 250 случаи соодветно (Графикон 1).
Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=5.106)
Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=195) е регистриран на 12.06.2020 (Графикон 2).
Графикон 2. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=5.106)
Од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Пикот е достигнат во 24-тата недела (n=1.003) (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, 2020 година (n=5.106)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=4.936; 96,7%), 21,3% (n=1.052) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите биле/се на домашно лекување, асимптоматски или со полесна клиничка слика.
Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, Клинички болници Битола и Штип, Општи болници Прилеп, Куманово, Струмица, Охрид, Велес и Гостивар), моментално се хоспитализирани 353 лица, а од нив 140 се на кислородна поддршка и 11 на механичка вентилација.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (62,2%), кашлица (44,9%), малаксаност (41,9%), треска (17,0%), главоболка (14,1%), болка во грло (13,5%) и отежнато дишење (12,6%).
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=4.936; 96,7%), кај 1.599 или 32,4% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 1.073 или 67,1% имале контакт со веќе потврден случај во државата.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=4.936; 96,7%), пријавени се 53 (1,0%) случаи кај бремени жени, од кои 15 биле хоспитализирани во текот на болеста. Дваесет и шест од регистрираните се асимптоматски случаи.
Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=4.936; 96,7%), кај 1.478 (28,9%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 985 лица имаат кардиоваскуларна болест, 404 дијабет, 210 се со хронична белодробна болест и 278 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 614 (58,4%) се присутни коморбидитети.
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=4.936; 96,7%), регистрирани се 464 (9,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Регистрирани се 239 смртни случаи (Лт = 4,7%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 19.06.2020 година (n=12), а според недела на пријавување во тек на 25-тата недела (n=44) (Графикон 4). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=170) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 44,4/100.000 жители. Регистрирани се 145 смртни случаи кај лица од машки и 94 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 193 (80,8%) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=144), дијабет (n=66) и белодробна болест (n=44). Регистрирани се два смртни случаи кај бремени жени и еден смртен случај кај здравствен работник. Дванаесет (5,0%) од пријавените случаи починале во вонболнички услови, а останатите 227 (95,0%) починале за време на хоспитализација.
Графикон 4. Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според дата на смрт, 2020 година (n=239)
Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=4.936; 96,7%), 111 (2,2%) се импортирани, од нив две лица се детектирани на точка на влез, а последниот импортиран случај е регистриран на 18.06.2020. Вкупно 2.563 лица (50,2%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.
Од 15.02.2020 до 20.06.2020 тестирани се вкупно 51.220 материјали (детектирани 5.105 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 24.754 тестови на 1.000.000 жители.
Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=51.220)*
Кумулативен број на тестови | Вкупно тестови | Вкупно позитивни | Тестови скрининг | Позитивни скрининг | Тестови рутина | Позитивни рутина |
ВКУПНО | 51.220 | 5.105 | 4.981 | 24 | 46.239 | 5.081 |
ИЈЗ – Вирусологија | 27.947 | 3.128 | 3.225 | 22 | 24.722 | 3.106 |
ЦЈЗ Скопје | 720 | 143 | 0 | 0 | 720 | 143 |
Авицена | 2.646 | 326 | 0 | 0 | 2.646 | 326 |
Биотек | 4.220 | 185 | 0 | 0 | 4.220 | 185 |
Жан Митрев Клиника | 7.005 | 427 | 0 | 0 | 7.005 | 427 |
Систина | 3.457 | 167 | 0 | 0 | 3.457 | 167 |
МАНУ | 4.419 | 646 | 1.756 | 2 | 2.663 | 644 |
Ветеринарен Факултет | 755 | 81 | 0 | 0 | 755 | 81 |
*едно лице е лабораториски потврдено во странство
Според исходот од заболувањето, 2.940 лица (57,6%) се активни случаи, 1.927 случаи (37,7%) се водат како оздравени (261 од нив се здравствени работници и 21 се бремени жени), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 444 (23,0%) биле хоспитализирани додека останатите 1.483 (77,0%) биле на домашно лекување.
Графикон 5. Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, 2020 година (n=5.106)
Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=5.106)
Дистрибуција по град | Болест во тек | Оздравен | Смртен исход | Вкупно |
Скопје | 1.698 | 717 | 83 | 2498 |
Куманово | 239 | 417 | 36 | 692 |
Тетово | 325 | 171 | 38 | 534 |
Штип | 210 | 53 | 4 | 267 |
Прилеп | 18 | 194 | 19 | 231 |
Струга | 88 | 54 | 26 | 168 |
Велес | 32 | 122 | 11 | 165 |
Охрид | 81 | 17 | 2 | 100 |
Дебар | 31 | 48 | 4 | 83 |
Гостивар | 54 | 21 | 7 | 82 |
Кочани | 26 | 31 | 2 | 59 |
Ресен | 58 | 1 | 59 | |
Битола | 11 | 27 | 2 | 40 |
Свети Николе | 12 | 2 | 14 | |
Пробиштип | 9 | 3 | 12 | |
Кавадарци | 6 | 4 | 1 | 11 |
Крива Паланка | 5 | 6 | 11 | |
Струмица | 7 | 2 | 1 | 10 |
Демир Капија | 3 | 7 | 10 | |
Неготино | 5 | 4 | 9 | |
Гевгелија* | 5 | 4 | 9 | |
Кичево | 5 | 3 | 8 | |
Валандово | 4 | 2 | 6 | |
Крушево | 2 | 2 | 1 | 5 |
Пехчево | 2 | 3 | 5 | |
Кратово | 2 | 2 | 4 | |
Радовиш | 4 | 4 | ||
Македонски Брод | 1 | 2 | 3 | |
Виница | 3 | 3 | ||
Берово | 1 | 1 | 2 | |
Делчево | 1 | 1 | ||
Демир Хисар | 1 | 1 | ||
ВКУПНО | 2.940 | 1.927 | 239 | 5.106 |
*2 лица се жители на Богданци
На Табела 5 е даден моментален приказ на активните случаи по општини во Скопје и Тетово како најзафатени региони во овој момент, односно региони во кои се регистрира широко-распространета трансмисија во заедницата.
Табела 5. Активни случаи од COVID-19 по општини, Скопје и Тетово (n=2.023)
Град/ општина | Активни случаи |
Скопје | 1.698 |
Чаир | 394 |
Гази Баба | 156 |
Бутел | 144 |
Сарај | 137 |
Центар | 137 |
Аеродром | 135 |
Карпош | 116 |
Кисела Вода | 98 |
Студеничани | 86 |
Ѓорче Петров | 83 |
Шуто Оризари | 73 |
Арачиново | 55 |
Илинден | 31 |
Чучер Сандево | 16 |
Петровец | 14 |
Сопиште | 13 |
странец | 4 |
непознато | 4 |
Зелениково | 2 |
Тетово | 325 |
Тетово | 198 |
Теарце | 39 |
Боговиње | 24 |
Желино | 23 |
Брвеница | 21 |
Јегуновце | 20 |
ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19
Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е висок.
На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.
Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека:
- Скопје е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Тетово е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата).
- Штип, Ресен и Куманово се во фаза 3 (локализирана трансмисија).
- Останатиот дел од Република Северна Македонија е во фаза 2 (спорадични случаи).
СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ
Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 20.06.2020:
Број на потврдени случаи на глобално ниво – 8.525.042 (138.980 нови)
Број на смртни случаи на глобално ниво – 456.973 (6.271 нов)
- Регион на СЗО Америка
- Потврдени случаи – 4.163.813 (71.287 нови)
- Смртни случаи – 215.903 (3.386 нови)
- Европски Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 2.750 (18.313 нови)
- Смртни случаи – 192.645 (1.726 нови)
- Источно-Медитерански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 878.428 (21.778 нови)
- Смртни случаи – 19.560 (519 нови)
- Регион на СЗО Југоисточна Азија
- Потврдени случаи – 560.285 (19.244 нови)
- Смртни случаи – 16.814 (454 нови)
- Африкански Регион на СЗО
- Потврдени случаи – 208.535 (7.357 нови)
- Смртни случаи – 4.750 (155 нови)
- Регион на СЗО Западен Пацифик
- Потврдени случаи – 203.490 (001 нов)
- Смртни случаи – 7.288 (31 нов)
УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА
- За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на
http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/
- Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна
http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/
- За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија
http://www.iph.mk/korona-preporaki/
http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/
- Препораки како да се заштитите себе си
http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/
- Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на
http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/
- За упатства за здравствените работници
http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/
http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/
- Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19
http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/
- Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19
ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА
Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.
Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.
0800 002 03
Скопје, 21.06.2020
Сектор за превенција и контрола на заразни болести
Институт за јавно здравје