СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, период 15-21.03.2021

Тестирани се вкупно 24.517 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 8,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 6.899 нови позитивни случаи од 35 градови во државата со зголемување од 26,4% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 23,4 до 32,3%, просечно 27,9%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=3.441; 49,9%), со неделна инциденца – 557,1/100.000. Највисока неделна инциденца од 899,1/100.000 е регистрирана во Неготино (заедно со Демир Капија) (Табела 1, Картограм 1).

 

Картограм 1.     Инциденца  на 100.000 жители, COVID-19, 15-21.03.2021, Р.С Македонија

мапа 15-21.03

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=1.772, 25,7%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 30-39 (n=1.303; 18,9%), 40-49  (n=1.272; 18,4%), 50-59 (n=1.210; 17,5%) и 20-29 (n=864; 12,5%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=144; 2,1%) и 10-19 години (n=334; 4,8%). Најголемо процентуално зголемување во однос на претходната недела е забележано кај возрасните групи од 10-19 (33,1%), 50-59 (32,1%) и 40-49 (30,2%).

 

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 3.566 (51,7%) лица од женски и 3.333 (48,3%) од машки пол.

 

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 3.343 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 22,1% во споредба со минатата недела.

 

Пријавени се 158 смртни случаи од 27 градови, 22,5% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 135 лицa биле над 60 години, 19 лица на возраст од 50-59 години, три лица од возрасната група 40-49 години и едно лице на возраст од 30-39 години.

 

 

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 21.03.2021, пријавени се вкупно 119.828 случаи на COVID-19 (I=5.791,1/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар, Кавадарци, Велес, Штип, Битола и Охрид додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Крушево, Охрид и Струга. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга (Табела 1).

Табела 1. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по ЦЈЗ/ПЕ, РС Македонија, до 21.03.2021

tabela 23.3

Се забележува зголемување на бројот на заболени во сите извештајни единици освен во Гевгелија, Богданци, Крива Паланка, Кратово и Македонска Каменица каде има намалување на бројот на новозаболени кога се анализираат двата двонеделни периоди (Табела 1).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 9.564,5 на 100.000 жители, Неготино (9.143,4/100.000) и Скопје (8.640,9/100.000), а најниска инциденца со 2.473,9 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонски Брод (Табела 1, Картограм 2).

Картограм 2. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

mapa vk 21.03.2021

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 60.635 машки и 59.193 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 5.849,9/100.000, а кај женските 5.732,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 45,5 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 28.724 (24,0%) со специфичен морбидитет од 7.494,1/100.000, а највисок специфичен морбидитет од 7.794,5/100.000 се регистрира на возрасната група од 50-59 години (21.673 заболени). Најнизок специфичен морбидитет од 1.047,7 и 2.107,0 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.398 и 5.272 случаи соодветно (Графикон 1).

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група (n=119.828)

graf 1 23.3

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран на 26.02.2020. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=1.406) е регистриран на 17.11.2020.

Првиот случај е регистриран во 9-тата недела, а од 11-тата недела во 2020 година континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Најголем број на заболени на неделно ниво (n=7.480) е регистриран 47-ма недела (Графикон 2). Во последните 4 недели се регистрира повторно зголемување на бројот на заболени лица.

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според недела на лабораториска дијагностика, до 21.03.2021 (n=119.828)

graf 2 23.3

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ (КИБФС, ГОБ 8-ми Септември, ИБЗД Козле, КОВИД центрите на Универзитетксите клиники за Дерматовенерологија, Неврологија, Нефрологија, Гастроентерохепатологија, Офталмологија, ОРЛ, Пластична хирургија и Трауматологија, Инстиутот за белодробни заболувања и ТБЦ, Клинички болници Штип, Тетово и Битола, Општи болници Велес, Куманово, Прилеп, Охрид, Гостивар, Струмица, Струга, Кочани, Кавадарци, Кичево и Гевгелија, УК за гинекологија и акушерство и КБ Систина) моментално се хоспитализирани 1.383 лица (26,1% повеќе во споредба со минатата недела), а од нив 890 се на кислородна поддршка и 33 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

 

На 17.02.2021 во Р. С. Македонија почна вакцинацијата против КОВИД19. Заклучно со затварањето на овој извештај на 22.03.2021, вкупно се вакцинирани 6.704 здравствени работници со прва доза (4.002 – Pfizer/Biontech и 2.702 – Sputnik V) и 2.572 (Pfizer/Biontech) со втора доза на вакцина против КОВИД19.

 

Податоците кои следат во однос на симптоматологијата, коморбидитетите, одредени групи на случаи, контактите и импортираните случаи се однесуваат на анализите направени заклучно со 04.01.2021.

Во однос на симптоми кои се пријавени кај заболените, најчесто се регистрирани температура (68,8%), кашлица (40,8%), малаксаност (40,1%), ослабен осет за мирис и/или вкус (27,0%), главоболка (21,9%), мускулна болка (18,1%), болка во грло (14,1%) и отежнато дишење (9,8%).

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), кај 17.126 или 23,7% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), пријавени се 412 (1,8% од пријавените женски лица во фертилен период) случаи кај бремени жени, од кои 58 биле хоспитализирани во текот на болеста. Од вкупниот број на регистрирани бремени жени, 119 се асимптоматски случаи.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), регистрирани се 3.439 (4,8%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Во однос на коморбидитети, од случаите кои се епидемиолошки истражени, кај 22.444 (31,0%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 15.323 лица имаат кардиоваскуларна болест, 5.842 дијабет, 3.256 се со хронична белодробна болест и 3.986 со други хронични болести. Од хоспитализираните случаи, кај 4.800 (63,3%) се присутни коморбидитети.

Од случаите кои се епидемиолошки истражени (n=72.129; 81,1%), 1.029 (1,4%) се импортирани, од нив 11 се детектирани на точка на влез. Вкупно 23.054 лица (32,0%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

 

Регистрирани се 3.503 смртни случаи (Лт = 2,9%).  Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 30.11.2020 година (n=40), а според недела на пријавување во тек на 48-мата недела (n=219) (Графикон 3). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=2.812) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 733,7/100.000 жители. Регистрирани се 2.185 смртни случаи кај лица од машки и 1.318 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 2.974 (84,9% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=1.962), дијабет (n=878) и белодробна болест (n=390). Регистрирани се 3 смртни случаи кај бремени жени и 27 смртни случаи кај здравствени работници (заклучно со 04.01.2021). Од пријавените случаи 188 (5,4%) починале во вонболнички услови, а 3.315 (94,6%) починале за време на хоспитализација.

Графикон 3.  Дистрибуција на смртни случаи од COVID-19 во С. Македонија според недела на смрт, до 21.03.2021 (n=3.503)

graf 3 23.3

Од 25.01.2020-21.03.2021 тестирани се вкупно 591.958 материјали (детектирани 119.828 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 и во лабораториите во кои се спроведува брз антигенски тест (Табела 2). Со ова во Р. С. Македонија се направени 286.084 тестови на 1.000.000 жители.

 

Табела 2. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=591.958)*

tabela 2 23.3

Според исходот од заболувањето, 11.457 лица (10,1%) се активни случаи, 98.133 случаи (86,9%) се водат како оздравени, испишани од болница, со 2 негативни теста по домашното лекување или по новиот алгоритам (Табела 4, Графикон 5). Од случаите кои се водат како оздравени, 5.711 (5,8%) биле хоспитализирани додека останатите 92.422 (94,2%) биле на домашно лекување.

Графикон 5.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според исход и вкупен број, до 21.03.2021 (n=119.828)

graf 5 23.3

Табела 4. Исход на заболување по градови, Р.С. Македонија (n=119.828)

Дистрибуција по град Болест во тек Оздравен Смртен исход Вкупно
Скопје 7604 44639 1127 53370
Прилеп 940 5282 307 6529
Куманово 547 5500 224 6271
Тетово 452 5321 230 6003
Гостивар 376 3702 179 4257
Кавадарци 616 3416 84 4116
Велес 467 3455 123 4045
Штип 296 3594 97 3987
Битола 431 3351 165 3947
Охрид 559 3103 149 3811
Струмица 259 2665 119 3043
Струга 157 2253 160 2570
Кочани 200 1836 62 2098
Кичево 91 1722 67 1880
Неготино 410 1330 32 1772
Гевгелија 324 1249 41 1614
Свети Николе 64 1111 15 1190
Крива Паланка 115 858 39 1012
Ресен 128 783 23 934
Радовиш 76 716 39 831
Дебар 25 757 37 819
Делчево 75 698 30 803
Берово 83 653 26 762
Пробиштип 64 545 21 630
Виница 39 512 13 564
Валандово 75 376 10 461
Крушево 127 253 27 407
Богданци 70 297 8 375
Демир Капија 72 244 6 322
Демир Хисар 42 262 8 312
Кратово 19 279 12 310
Македонски Брод 24 243 10 277
Пехчево 12 187 6 205
Македонска Каменица 3 188 4 195
Дојран 9 94 3 106
ВКУПНО 14851 101474 3503 119828

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19 И ПРЕПОРАЧАНИ МЕРКИ

Во периодот од 15-21.03.2021 репродукцискиот број на заразени од КОВИД19 (R0) во С. Македонија изнесува 1,14. Доколку се споредат два двонеделни периоди, се забележува минимално намалување на R0 во периодот 08-21.03.2021 (1,14) во споредба со 1,17 во периодот 22.02-07.03.2021.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата[1] се проценува дека:

  • Република Северна Македонија е во фаза 4 (широко-распространета трансмисија во заедницата), подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

Со оглед на последователниот зголемен број на нови случаи, по препорака на Комисијата за заразни заболувања, на 09.03.2021 Владата донесе одлука за забрана за движење на населението и на возилата од јавен превоз на територијата на Република Северна Македонија, во временски период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од 10 март 2021 година (среда) до 5 април 2021 година (понеделник). Дополнително е донесена одлука за задолжителна домашна изолација (карантин) од 14 дена за сите домашни и странски физички лица, патници од земјите од африканскиот континент кои влегуваат на граничните премини на територијата на Република Северна Македонија.

 

Препорачани мерки за превенција и контрола од СЗО согласно проценетата фаза и подниво

Покрај мерките за подготвеност во итни случаи, одговор и надзор, индивидуалните мерки на претпазливост, СЗО препорачува мерки за разгледување на надлежните органи, кои исто така мора да бидат земени предвид во однос на ефектите што овие мерки можат да ги имаат врз општата благосостојба на општеството и поединците.

  • Затворање на несуштински деловни активности или работење од дома, што е можно повеќе.
  • Поединците треба да применуваат мерки како што се хигиена на рацете, посебно марамче за кашлање, да останат дома доколку не се чувствуваат добро, да носат маска, физичко растојание и да избегнуваат затворени простори, преполни места со можност за близок контакт.
  • Да се размисли за ограничување на наставата со физичко присуство на универзитетите и да се промовира е-учење.
  • Службите за згрижување на деца и основните и средните училишта треба да останат отворени со соодветни мерки за безбедност и надзор доколку тоа го дозволува локалната епидемиолошка состојба.
  • Посебна проценка за одржување спортски и слични настани кои треба да се одржуваат според строги безбедносни правила, на пр. без публика. Другите масовни собири треба да бидат прекинати, а големината на сите социјални собири треба да се намали.

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 14.03.2021

  • Број на потврдени случаи на глобално ниво119.587 (3.035.703 во последни 7 дена, 10% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Број на смртни случаи на глобално ниво – 2.642.673 (58.672 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)

 

  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 52.763.811 (1.247.997 во последни 7 дена, 13% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 1.268.202 (30.611 во последни 7 дена, 6% помалку во споредба со претходна недела)
  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 41.033.224 (1.225.972 во последни 7 дена, 6% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 906.675 (20.809 во последни 7 дена, 2% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Југоисточна Азија
    • Потврдени случаи – 13.884.388 (199.994 во последни 7 дена, 19% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 355 (2.141 во последни 7 дена, 3% помалку во споредба со претходна недела)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 6.860.471 (243.564 во последни 7 дена, 7% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 150.193 (893 во последни 7 дена, 3% повеќе во споредба со претходна недела)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 2.948.478 (52.929 во последни 7 дена, 4% помалку во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 74.688 (1.307 во последни 7 дена, 6% помалку во споредба со претходна недела)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 1.711.830 (49.553 во последни 7 дена, 19% повеќе во споредба со претходна недела)
    • Смртни случаи – 30.357 (720 во последни 7 дена, 14% повеќе во споредба со претходна недела)

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

https://koronavirus.gov.mk

 

Скопје, 22.03.2021

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје

[1] Извор: WHO guidance on considerations for implementing and adjusting PHSM in the context of COVID-19