Во текот на 43-та недела од 2017 година (од 23.10.2017 – 29.10.2017), во Република Македонија пријавени се63 (I=3,0/100.000)нови случаи на групни пријави за заболени од грип. Во однос на регистрираните случаи во минатата недела (n=45) постои зголемување од 40,0%.

Во споредба со бројот на регистрирани случаи во 43-та недела од минатата сезона (43), се бележи зголемување од 46,5%.

Во оваа недела, пријавени се заболени лица од 9 извештајни единици. Најголем број на заболени се регистрирани во ПЕ Гостивар – 36 заболени лица.

Највисока инциденца исто така се бележи во ПЕ Гостивар–30,1/100.000 жители, а најниска во ЦЈЗ Прилеп (1,1/100.000).

Во однос на дистрибуцијата на заболените по возрасни групи, најголем број на заболени во текот на оваа недела се пријавени во возрасната група која опфаќа најголем дел од населението (од 15-64 години) -39 случаи (61,9%), а највисока инциденца (6,1/100.000) се регистрира кај лицата над 65 години, кадевкупносепријавени 16 заболенилица.

Во сезоната 2017/2018 вкупниот број на заболени од грип изнесува 123(I=5,9/100.000), што е помалку за 28,1% во споредба со истиот период минатата година било регистрирано171 заболено лице.

Во текот на 43-та недела од 2017, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РМ пристигнати се 2 материјали за тестирање на грип. Тестираните материјали се негативни на присуство на вирусот на инфлуенца.

Од почетокот на сезоната 2017/2018, во оваа лабораторија пристигнати се вкупно 22хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти од редовниот и од сентинел надзорот, сите тестирани негативни за присуство на вирусот на грип.

  

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје препорачувавакцинација на целото население, особено за лица кои припаѓаат на ризични групи (согласно препораките на СЗО):

  • бремени жени, во било кој стадиум од бременоста
  • деца на возраст од 6 месеци до 5 години
  • постари лица на возраст од 65 години и повеќе,
  • лицата со хронични заболувања и состојби на намален имунитет
  • здравствени работници.

Сите заинтересирани лица да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

Во епидемиолошките служби на ЦЈЗ/ПЕ вакцинацијата започна на 17 октомври, а на располагање за вакцинација за оваа сезона се 27.997 дози на тритипнаInfluvacвакцина.

Според пристигнатите извештаи од страна на ЦЈЗ/ПЕ, вакцинирано е 25.171 лицезаклучно со 43-та недела на територијата на РМ, или 89,9% од вкупно набавените вакцини. Најголем број од вакцинираните се на возраст над 65 години – 15.112 лица или 60,0%, на возраст од 30-64 години – 9.329 лица или 37,1%, додека вакциниранилица на возраст од 5-29 години се вкупно 254 или 1,0%. Вакцинирани се9 деца помали од 5-годишна возраст. Од категоријата на здравствени работници, вакцинирани се 466 лица или 1,9%. Вакцинирана е и една бременажена. Од вкупниот број вакцинирани, 18.877 лица или 75,0% се со историја на хронично/и заболување/а.

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно презентираните информации на Flu News Europe за 42 недела од 2017 година, активноста на вирусот на инфлуенца во 39 земји во Европа е со низок интензитет, што е вообичаено за ова време од годината.

Само неколку земји пријавиле детекција на спорадични инфлуенца вирусни инфекции, преку редовниот и сентинел системот за надзор, вклучувајќи и хоспитализирани пациенти кај кои се докажани инфлуенца А и инфлуенца Б. Вкупно, 3% од тестираните примероци биле позитивни за присуство на вирусот на грип.

 

Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања

Институт за јавно здравје