Вкупен број лица кои живеат со ХИВ/СИДА во Р. Македонија се 194 лица.
Од нив 143 лица се болни од СИДА, а 51 се ХИВ позитивни лице.

Вкупен број на умрени лица од СИДА во Р.М. се 71 лице.

Вкупен број на регистрирани лица со ХИВ/СИДА во 2013 година се 25 лица.
Од нив болни од СИДА се 7 лица (2 од нив се умрени) и 18 лица се ХИВ позитивни.

Дистрибуција по пол на лица со ХИВ/СИДА во 2013 година (25 лица)

  • 23 лица се од машки пол,
  • 2 лица се од женски пол.

Дистрибуција на лица со ХИВ/СИДА по општини во 2013 г.

  • Скопје 18 лица
  • Куманово 1 лице,
  • Богданци 1 лице,
  • Охрид 1 лице,
  • Кр. Паланка 1 лице,
  • Штип 1 лице,
  • Струга 1 лице,
  • Тетово 1 лице.

Дистрибуција на лицата според начин на трансмисија на ХИВ

  • 14 лица се МСМ,(Хомосексуален пренос)
  • 10 лица се Хетеросексуален начин на пренос на ХИВ,
  • 1 лице пренос од мајка на плод.

Начин на трансмисијана ХИВ по возрасни групи
0 до 6 години е 1 лице,

  • 20 – 29 години се 11 лица,
  • 30 до 39 години се 8 лица,
  • 40 до 49 години се 3 лица,
  • 50 до 59 години е 1 лице,
  • Над 60 год. е 1 лице.

Прим. д-р. Жарко Караџовски
Ж. Цветановска