Пред патувањето
- Избегнувајте да патувате кога сте болни;
- Посетете го вашиот лекар, најдобро 4 до 8 недели пред патувањето, и информирајте го за редот на летање. Информирајте се за совети за заштита од болести и повреди;
- За време на патувањето, можете да имате потешкотии, или евентуално, да не можете да ги најдете лековите кои ги земате како секојдневна терапија. Побарајте совет од вашиот лекар кои лекови и во која доза можат да се земат пред патувањето, вклучувајќи го и рачниот багаж;
- Спакувајте ги лековите според упатствата дадени од производителот, во оригиналното пакување
- Јадете пред патувањето. Консумирајте храна на која што сте навикнати, избегнувајќи ги маснотиите (мрсна храна), бидејќи тие можат да предизвикаат непријатност за време на патувањето.
Во авионот
- Следете ги правилата на авиокомпанијата за превоз на предмети и течности;
- Ако сметате дека постои било каква промена во вашата здравствена состојба при патувањето, веднаш информирајте го екипажот;
- Сите бремени жени треба да се консултираат со својот лекар пред да заминат, бидејќи тие се предмет на различни ризици, и патувањето може да влијае на нивната безбедност и удобност;
- Пред да патувате, побарајте од компанијата специфични правила за превоз на бремени жени.
Што треба да правам ако се разболам за време на летот?
Ако ви стане лошо во авионот, пријавете на персоналот, кој ќе преземе соодветни мерки и ќе ги извести здравствени власти на локацијата каде што ќе патувате. При патувања кои траат повеќе од четири часа, продолжената неподвижност го зголемува ризикот од венска тромбоза. Затоа, обидете се да вежбате на секои два или три часа.
Совети на патниците
Ризикот од насилство и несреќи секогаш треба да се земе во предвид при патувањата. Било каде во светот, патникот може да биде жртва на напад, кражба и сексуално насилство. Фактори како што се возење во непознат правец, прекумерен замор и користење на алкохол придонесуваат за појава на сообраќајни несреќи, главна причина за хоспитализација и смрт кај патниците. Занимавање со непознати водени активности (пливање, нуркање, едрење) е многу честа појава за време на патувањето, особено меѓу младите луѓе, и давењето е втората најчеста причина за смрт кај патниците.
ВАЖНИ Веб-страници:
∙ http://www.who.int/malaria/travellers/en/
∙ http://ecdc.europa.eu/en/Pages/home.aspx
Рио 2016, Олимписки и Параолимписки игри
Градот Рио де Жанеиро ќе биде домаќин на Олимписките игри во 2016 година од 5-ти до 21 август, и на Параолимписките игри, од 7 до 18 септември.
Ако имате намера да патувате во Бразил за време на Игрите, следете ги препораките за патување.
Заедно со многу дестинации во Америка, Бразил се соочува со епидемија на вирусот Зика. Постојат посебни препораки за бремените жени кои патуваат во земјата.
Бремени жени
Важно е да се напомене дека, во секоја ситуација, бремените жени треба да се консултираат со лекар пред да патуваат и да побараат посебна грижа кога патуваат.
Тие треба да користат само репеленти дозволени за време на бременоста (врз основа на DEET, icaridin или picaridin и IR 3535, EBAAP), да носат долги ракави и облека и да престојуваат во места со заштитни мрежи и да избегнуваат области со повисока инциденца на Зика вирусот и маларија. Исто така, треба да избегнуваат места со комарци без препорачаните мерки за заштита, како и места каде што има повеќе инсекти. Случаи на пренесување на вирусот Зика помеѓу партнерите за време на сексот се пријавени, па затоа секогаш користете кондом.
Ако постои било каква промена во вашата здравствена состојба, пријавете го тоа на здравствените работници за следење на бременоста.
Се препорачува да се пијат многу течности.
Вакцини
Во Бразил не постои обврска да се покаже сертификат за вакцинација за да се влезе во земјата, Министерството за здравство препорачува туристите да ги обноват картичките за вакцинација во согласност со насоките на распоредот за вакцинација на нивната земја на
потекло или местото на живеење, најмалку 10 дена пред патувањето.
Жолта треска
Ако планирате да направите било каков вид на еко-туризам во руралните области или шуми (Области со Препорака за вакцинација – ACRV), вакцината против жолта треска е високо препорачлива. Една доза вакцина треба да се примени најмалку 10 дена пред датумот на поаѓање.
Важни информации
Министерството за здравство препорачува туристите кога патуваат во Бразил да ги проверат нивните картички за вакцинација за следните болести:
∙ Инфлуенца (грип): Бразил усвојува вакцинација на ризичните групи во периодот од 18 април – 20 мај 2016 година, пред периодот на најголема инциденца на болеста.
∙ Мали сипаници: Во Бразил вирусот на мали сипаници веќе не е ендемичен. Сепак, населението е вакцинирано за да се спречи вирусот да се враќа во земјата, со оглед дека се уште влијае на другите делови на светот.
∙ Рубеола: Бразил е официјално слободна од рубеола и вроден синдром на рубеола (CRS) и не се пријавени случаи на ендемичен пренос. Вакцината се’ уште е од суштинско значење, со цел да се избегне повторување на болеста.
∙ Хепатитис А: Бразил препорачува вакцинација, бидејќи можете добиете хепатит А преку контаминирана храна или вода, без оглед на земјата во која патувате.
∙ Хепатитис Б: Можете да добиете хепатитис Б преку сексуален контакт, контаминирани игли и крвни продукти. Бразил препорачува вакцинација ако сте напрвиле тетоважа или пирсинг, или ако сте бремени.
Маларија
Во Бразил, преносот на маларија е концентриран во регионот на Амазон, се состои од членки на Acre, Amapá, Amazonas, Maranhão, Mato Grosso, Pará, Rondônia, Roraima and Tocantins. Во овие области, маларичните комарци се најактивни од доцна попладне – до зората.
Како да го спречите тоа?
1 – Носете светло обоена облека и долги ракави за време на активностите на високата изложеност.
2 – Нанесете репелент против инсекти на изложената кожа, следејќи ги упатствата на производителот.
3 – Обрнете внимание на појавата на симптоми на маларија, како што се треска, болка во телото и главоболка.
4 – Ако имате некои од овие симптоми, веднаш побарајте помош во најблиската здравствена установа.
Внимавајте! Маларијата може да убие.
Извор: http://portalsaude.saude.gov.br/index.php/o-ministerio/principal/secretarias/svs/viajante-en/preparations-for-the-trip