Цел на Светскиот ден на тоалетите е да ја подигне свеста за 3,6 милијарди луѓе кои живеат без пристап до безбедно управувана санитација. Станува збор за преземање акција за справување со глобалната санитарна криза и постигнување на Целта 6 за одржлив развој: вода и санитарни услови за сите до 2030 година.

Во пресрет на светскиот ден на тоалетите, UN-Water, започнува глобална кампања на www.worldtoiletday.org и на социјалните медиуми (#WorldToiletDay). Поединци, организации, влади, компании, училишта и многу други учесници го поддржуваат денот со користење на официјалните пораки и средства или со организирање на свои активности за Светскиот ден на тоалетите.

Светскиот ден на тоалетите 2021 година е за вреднување на тоалетите. Кампањата (www.worldtoiletday.org) го привлекува вниманието на фактот дека тоалетите – и санитарните системи што ги поддржуваат – се недоволно финансирани, лошо управувани или запоставени во многу делови од светот, со катастрофални последици за здравјето, економијата и животната средина, особено во најсиромашните и најмаргинализираните заедници.

Светски ден на тоалетите (брошура)

flaer

 Светски ден на тоалетите (постер)

flaer