ВОВЕД
Светски Ден на водата, на 22 март секоја година, е за преземање акција во врска со водата. Во 2017 година, темата е отпадните води и кампањата “Зошто отпадни води?”, се однесува на намалувањето и повторната употреба на отпадните води.
Целта за одржлив развој(ЦОР) до 2030 година под цел 6.3 бара од нас “подобрување на квалитетот на водата преку намалување на загадувањето, елиминирање на отпад и минимизирање на ослободување на опасни хемикалии и материјали,преполовување на уделот на непречистени отпадни води и значително зголемување на рециклирање и повторна безбедна употреба на глобално ниво.”
Напредок кон под целта 6.3, исто така, ќе помогне да се оствари ЦОР за здравје и благосостојба (ЦОР 3), безбедна вода и санитација (ЦОР 6), прифатлива и чиста енергија (ЦОР 7), одржливи градови и заедници (ЦОР 11), подводен живот(ЦОР 14), и животот на копно (ЦОР 15), меѓу другите.
ГЛАВНИ ПОРАКИ
- На глобално ниво, повеќе од 80% од отпадните води генерирани од страна на општеството тече назад во екосистемот без да бидат третирани или повторно употребени.1
- 1,8 милијарди луѓе користат извор на вода за пиење загадена со фецес2, доведувајќи ги во ризик од заболување од колера, дизентерија, тифус и детска парализа. Небезбедна вода, лошите санитарни и хигиенски услови предизвикуваат околу 842.000 смртни случаи секоја година.3
- 663 милиони луѓе сеуште немаат подобрени извори на вода за пиење.4
- До 2050 година, речиси 70% од светската популација ќе живее во градовите, во споредба со сегашните 50%.5 Моментално, повеќето градови во земјите во развој немаат соодветна инфраструктура и ресурси за управување со отпадни води на ефикасен и одржлив начин.
- Можностите за искористувањето на отпадните води како ресурс се огромни. Безбедното управувањесо отпадните води е прифатлив и одржлив извор на вода, енергија, хранливи материи и други обновливиматеријали.
- Трошоците за управување со отпадни води се значителнопомали од придобивките во врска со здравјето на луѓето, економскиот развој и одржливост на животната средина, обезбедувајќи нови бизнис можности и создавање на повеќе “зелени” работни места.
ОТПАДНИ ВОДИ И КРУЖНИОТ ЦИКЛУС НА ВОДАТА
Водата треба внимателно да се управува во текот на секој дел од кружниот циклус на водата: од црпењена слатка вода,претходна обработка, дистрибуција, користење, собирање и пост-третман, до употреба на третираните отпадни води и нивно враќање во животната средина, подготвени да бидат црпени за да се започне повторно циклусот.
Поради порастот на населението, забрзаната урбанизација и економскиот развој, количината на генерирани отпадни водии целокупното загадување се зголемувана глобално ниво.Како и да е, управувањето со отпадните води е сериозно запоставено, и тие се потценети како потенцијално прифатлив и одржлив извор на вода, енергија, хранливи материи и други материи кои можат да се обноват. Според тоа, треба да се гледа како ресурс, а не како товар кој треба да се депонира.
Постојат многу процеси на третман и оперативни системи кои ќе ни овозможaт да ги користиме отпадните води за да се задоволат растечките побарувачки на вода во градовите кои растат, за поддршка на одржливо земјоделство, како и подобрување на производството на енергија и индустриски развој.
ОТПАДНИ ВОДИ И ГРАДОВИ
До 2030 година, глобалната побарувачка за вода, се очекува да се зголеми за 50%.6 Поголемиот дел од ова барање ќе биде во градовите и ќе бараат нови пристапи за собирање и управување со отпадни води. Всушност, повторното користење на отпадни води може да помогне во решавањето на други предизвици, вклучувајќи производство на храна и индустриски развој.
Главно, во областите на градовите со ниски приходи во рамките на земјите во развој, голем дел од отпадните водисе испуштаат директно во најблискиот одвод како на површинските води или неформални одводни канали, некаде без или со многу малку третман. Додатно на отпадните води од домаќинствата и човековиот отпад, отпад од градските болници и индустрии, како што се рударството од мал обеми моторни гаражи, често испуштаат високо токсични хемикалии и медицински отпад во системот за отпадни води.Дури и во градовите каде се собираат и се третираат отпадните води, ефикасноста на третманот може да варира во зависност одсистемот кој се користи.Традиционалните пречистителни станици не можат да отстранат одредени загадувачи, како што се нарушувачи на ендокриниот систем, што може негативно да влијаат на луѓето и на екосистемот.
Примери:
- Двојни дистрибутивни системи за доставување реупотребена вода. Од 1977 година во Санкт Петербург, Флорида, САД, паралелна мрежа на цевки, одвоени од мрежата на вода за пиење, служи разни станбени имоти,комерцијални и индустриски паркови, овозможувајќи да ја користат рециклираната вода за наводнување, перење,миење возила и згради, а и за фонтани.
- Биолошко пречистување на отпадните води пред испуштање. Волуменот на отпадната вода од Аеродромот Шипхол, Aмстердам, е приближно на онаа од еден мал град со население од 45.000. Околу половина од отпадната вода потекнува од патниците и бизнисите на аеродромот, 25% се испушта од авиони и кетерингот, а преостанатиот волумен се произведува од страна на други бизниси поврзани со воздухопловство. Во пречистителната станица на отпадни води биолошки се прочистува водата до квалитет кој одговара за празнење во локалните водни текови.
ОТПАДНИТЕ ВОДИ И ИНДУСТРИЈАТА
Општествените и еколошките притисоци во последниве години доведоа до поголемо движење за индустријата да ги намали своите отпадни води и да ги третира пред испуштање. Отпадните води сега се гледаат како потенцијален ресурс и неговата употреба или рециклирање по соодветен третман, може да обезбеди економска и финансиска корист.
Отпадните води може да се користат во рамките на индивидуалниот бизнис или помеѓу неколку бизниси преку “индустриска симбиоза“.
Индустријата е одговорна за 22%од потрошувачката на вода на глобално ниво (ОН-Вода, 2012). Во 2009 година во Европа и Северна Америка, потрошувачката на вода за индустријата била 50% во споредба со 4-12% во земјите во развој(WWAP, 2009). Се очекува дека во брзо индустријализирачките земји, овој процент може да се зголеми со фактор пет во следните 10-20 години. Затоа, постои силен мотив да се користат отпадните води оддомаќинствата и на локално ниво, врз основа на намалување на самите трошоци.
Бизнисите можат директно да користат некои отпадни води, обезбедувајќи готоа да одговара на целта. На пример, со користење на водата во процесот на ладење или греење илисобирање на дождовница од покривот или од бетонските плочи за испирање на тоалетите, наводнувањеили за миење возила.
Примери:
- Индустриски екосистем. Во Калундборг, Данска, нус-производи од едно претпријатие се користат како ресурс од страна на други претпријатија, во затворен циклус. Енергетската централа Аснаес добива 700.000 м3 вода за ладење од Статоил секоја година, која ја третира а потоа ја собира во котел од каде ја користи водата. Таа, исто така, користи околу 200.000 м3 третирана отпадна вода од Статоилза чистење, секоја година. Заштедите на локалните водни ресурси се значителни: речиси 3.000.000 m3 на подземни води и 1.000.000 m3 на површински води за една година.7
- Повторна употреба на вода од рудници. Рудниците на јаглен во Витбанк се наоѓаат околу Емалахлени, мал град во Јужна Африка кој се соочува со влошување на недостигот на вода. Англо-Американска рударска компанија изградила постројка за третман на вода, која ја користи технологијата за десалинизација за претворање на водата од рудникот во вода за пиење, и за третирање на индустриската вода, така што таа може безбедно да се испушта во животната средина. Како дополнителна корист, во процесот на третирање, гипсот се одвојува од водата и се користи како градежен материјал. Постројката им овозможува безбеден и сигурен извор на вода во градот, исполнувајќи ги до 12% од дневните потреби за вода, за Емалахлени.8
ОТПАДНИ ВОДИ ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО
Делумно да се помогне во зголемувањето на приносите за да се задоволи побарувачката, употребата на хемиски ѓубрива и пестициди се зголеми во последниве години, и во индустријата и малото земјоделство, со што земјоделството е потенцијален извор на загадување на животната средина.
Загадувањето на подземните и површинските води од употреба на нетретирани или несоодветно третирани отпадни води за потрбите на земјоделството, е голем проблем во многу земји во развој, каде што се практикува за наводнување.
Земјоделците се повеќе бараат неконвенционални водни ресурси, главно отпадни води, без разлика дали содржат големи количини на хранливи материи или има недостаток од нив. Ако се применуваат безбедно, отпадните води се значаен извор на вода и хранливи материи, придонесувајќи за безбедноста на водата и на храната и унапредување на животот.
Подобрувањето на управување со отпадните води може да го подобри здравјето на работниците, особено во земјоделството, со намалување на ризикот од изложеност на патогени. Исто така може да се создадат директни и индиректни работни места во сектори за вода и пошироко.
Пример:
- Користење на отпадни води во земјоделството. Се проценува дека повеќе од 40.000-60.000 км2 површини се наводнуваат со отпадни води или загадена вода (Jimenez и Asano, 2008), што претставува ризик по здравјето на земјоделците и на евентуалните корисници на земјоделските производи. Достапните технологии овозможуваат отстранување на речиси сите загадувачи од отпадните води, што ги прави погодни за секоја употреба. Упатствата на СЗО за безбедно користење на отпадните води во земјоделство и рибарство и пристапот за планирање на безбедна санитација (SSP) обезбедува сеопфатна рамка за да се осигура дека здравствените ризици се управуваат за да се заштити здравјето на луѓето. Израел го отвора патот, каде што отпадните води претставуваат 50% од водата за наводнување (ОЕЦД, 2011).
1On average, high-income countries treat about 70% of the wastewater they generate, while that ratio drops to 38% in upper-middle-income countries and to 28% in lower-middle-income countries. In low-income countries, only 8% of industrial and municipal wastewater undergoes treatment of any kind (Sato et. al, 2013).
2WHO/UNICEF (2014), Progress on drinking water and sanitation: 2014 update: https://www.unicef.org/gambia/Progress_on_drinking_water_and_sanitation_2014_update.pdf
3WHO (2014), Preventing diarrhoea through better water, sanitation and hygiene: exposures and impacts in low- and middle-income countries: http://apps.who.int/iris/bitstream/10665/150112/1/9789241564823_eng.pdf
4WHO/UNICEF (2015) Progress on sanitation and drinking water, 2015 Update and MDG Assessment https://www.wssinfo.org/fileadmin/user_upload/resources/JMP-Update-report-2015_English.pdf
5UN Department of Economic and Social Affairs (2014), World Urbanization Prospects: 2014: https://esa.un.org/unpd/wup/Publications/Files/WUP2014-Highlights.pdf
6UNHABITAT (2016), World Cities Report 2016: Urbanization and development: http://wcr.unhabitat.org/wp-content/uploads/sites/16/2016/05/WCR-%20Full-Report-2016.pdf
7Domenech and Davies (2011), “Structure and morphology of industrial symbiosis networks: The case of Kalundborg”, Procedia – Social and Behavioral Sciences, vol 10, 2011, pages 79-89: http://www.sciencedirect.com/science/article/pii/S1877042811000127
8For more information: “The eMalahleni Water Reclamation Plant in South Africa”: http://www.iwa-network.org/filemanager-uploads/WQ_Compendium/Cases/The%20eMalahleni%20Water.pdf
Институтот за јавно здравје на РМ ќе го одбележи Светскиот ден на водата 2017 година, на 22 март (среда) пред Дом на АРМ, на улуца Македонија (зад Мајка Тереза) од 10,30 до 14,00 часот со Саем на вода.
Граѓаните ќе добијат промотивен материјал со информации за значењето и влијанието на безбедната вода за пиење врз здравјето на населението и превенција од болести поврзани со небезбедна вода за пиење, и податоци од одговорите на анкетата на www.iph.mk за тоа колку и од каде најчесто се информираме за поврзаноста на водата со здравјето.
Годинава светкото мото е Отпадните води и кампањата Зошто отпадните води?
Целта е: генерално да се влијае на свеста да не се загадуваат површинските и подземните води со разни фекалии преку индустрискиот процес. Да се пречистуваат ако се веќе загадени со што се спречува можноста за евентуално наводнување на земјоделските култури, да се спречи дистрибуција на загадени води до сите корисници, и секако заради штедење на водата и зачувување на водените ресурси.
На штадовите на учесници на саемот, производителите на пакувани води: Маја, Кожувчанка, Магрони (Добра и Ладна), и Визијана ќе има по петнаесетминутна програма во која тие ќе информираат за безбедноста и квалитетот на водата што ја произведуваат (пакуваат) и ќе одовараат на прашања.
Презентација за Светскиот ден на водата 2017
Флаер за Светскиот ден на водата 2017