Што е Светски ден на водата?
Светскиот ден на водата, се одржува на 22 март, уште од 1993 година, и секоја година Обединетите нации се фокусираат на набљудувањето на важноста на слатките води.
Која е целта на Светскиот ден на водата?
Одбележувањето на Светскиот ден на водата има за цел да ја зголемува свеста за 2,2 милијарди луѓе кои живеат без пристап до безбедна вода. Станува збор за преземање акција за решавање на глобалната криза со вода. Основен фокус на Светскиот ден на водата е да го поддржи достигнувањето на Цел 6 за одржлив развој: вода и санитација за сите до 2030 година.
Kој го организира Светскиот ден на водата?
Секоја година, ООН-Вода – координативен механизам на ООН за вода и санитација – ја поставува темата за Светскиот ден на водата. Во 2020 година фокусот е на климатските промени, во 2021 година вреднување на водата и во 2022 година подземните води.
Што се случува на Светскиот ден на водата?
Пред денот, UN-Water (ООН-Вода) започнува глобална јавна кампања преку www.worldwaterday.org и на социјалните медиуми, давајќи им на луѓето и организациите алатки за промовирање на кампањата. Владите, организациите, компаниите, училиштата и многу други актери, исто така, организираат активности на Светскиот ден на водата.
Светскиот извештај за развој на водата на ООН е објавен на Светскиот ден на водата, фокусирајќи се на истата тема како кампањата и им препорачува насоки на политиките на носителите на одлуки.
За што се однесува Светскиот ден на водата 2020 година?
Светскиот ден на водата за 2020 година е за водата и климатските промени, како тие се неразделно поврзани. Кампањата покажува како нашата употреба на вода ќе помогне во намалувањето на поплавите, сушите, недостигот и загадувањето и ќе помогне во борбата против самите климатски промени.
Прилагодувајќи се на ефектите на водата од климатските промени, ние ќе го заштитиме здравјето и ќе спасиме животи, а со користење на водата поефикасно, ние ќе ги намалиме стакленичките гасови.
Што можам да направам за да помогнам?
Подолу ќе најдете пораки за да можете да ја промовирате кампањата меѓу вашите мрежи.
Кои се клучните пораки за кампањата?
• Не можеме да си дозволиме да почекаме. Креаторите на климатските политики мора да ја стават водата во срцето на акционите планови.
• Водата може да помогне во борбата против климатските промени. Постојат одржливи, достапни и прифатливи решенија за вода и санитација.
• Секој има улога/право да игра. Во нашите секојдневни животи, има изненадувачки лесни чекори што сите можеме да ги преземеме за решавање на климатските промени.
Дали имате пријателски пораки што можам да ги користам за социјалните медиуми?
Да! Ве молиме, користете ги пораките подолу, идеално покрај овие кратки видеа: www.worldwaterday.org/2020-home/share/social-media-resources
Не можеме да си дозволиме да почекаме.
• Креаторите на климатските политики мора да ја стават водата во срцето на акционите планови.
• Водата тече низ секторите и границите. Работејќи заедно за управување со водата поефикасно се бори против климатските промени, ги штити заедниците и деловните активности.
#WorldWaterDay www.worldwaterday.org
Водата може да помогне во борбата против климатските промени.