Светската Здравствена Организација (СЗО) достави реагенси за тестирање и секвенционирање на COVID-19 и набавки до Министерството за здравство/Институтот за јавно здравје, набавени со поддршка од USAID Северна Македонија. Залихите за тестирање ќе ги зајакнат националните капацитети за тестирање, како и напорите за спречување на ширењето на COVID-19.

СЗО придонесува за спроведување на национален одговор кон COVID пандемијата преку партнерство со USAID во спроведување голем број иницијативи, вклучувајќи: развивање на јавно-здравствена мрежа во која ќе се спроведува надзор низ целата земја, заедно со 10-те регионални Центри за јавно здравје и ИЈЗ, помош во реструктурирање и повторно прилагодување на Националната стратегија за COVID-19, при што на здравствените работници им помага во борбата против дезинформации, како и создавање на поволен ангажман на целокупната заедница, за зголемување на довербата во процесот на вакцинација.

 

 

sl 1

 

sl 2

 

sl 3

 

sl 4

 

Извор: WHO North Macedonia