„Високата„ консумација на преработки од месо ги прави овие продукти канцерогени материи од група 1- сигурни канцерогени. Тоа е клучната порака која ја испрати Светската здравствена организација на 26.10. 2015 година.
„Високата„ консумација на црвеното месо по термичка обработка, како печење и обработка на скара создава полициклични амини кои се канцерогени и го категоризира овој производ во групата на веројатно канцерогени производи.
Што значи висока консумација за населението на Република Македонија??
Тоа е прашањето на кое треба да одговориме наскоро, ние кои се грижиме за јавното здравје. Ако во една земја или регион населението има изградени навики за секојдневна консумација на црвено месо и месни преработки, што се нарекува висока консумација, тогаш канцерот на дебелото црево може да преставува јавно здравствен провблем.
За јавноздравствените авторитети во САД поголем ризик постои од консумација на црвеното месо, затоа што кај американската популација постои висока консумација на црвено месо, секојдневна консумација на повеќе од 100г црвено месо.
Да не дозволиме да настане вознемиреност кај младите родители после вакви одлуки и со тоа да престанат да ги хранат своите деца со месо кое содржи пред се белковини и минерали неопходни за нормален детски развој. Сигурно дека она мало количество на месо кое го добиваат во градинка, најчесто приготвено со термичка обработка, варење нема да претставува висока консумација.
Може да се ориентираме кон „здрав стил на живеење„ што значи умерена избалансирана исхрана и редовна физичка активност. Конечно да се ориентираме кон националните препораки за исхрана кои се базираат на интегрални житарици, овошје и зеленчук, легуминози, риба, бело пилешко месо и умерена консумација на црвено месо. На тој начин ќе влијаеме и на превенцијата на кардиоваскуларните болести.