Изјава по состанокот на Комитет за вонредни состојби при Меѓународниот Здравствен Правилник (2005), во врска со појава на новиот коронавирус 2019 (n-CoV), од 23 јануари 2020 година
Состанокот на Комитетот за вонредни состојби свикан од генералниот директор на СЗО според Меѓународниот Здравствен Правилник (IHR) (2005), а во врска со избувнување на новиот коронавирус од 2019 година во Народна Република Кина, при што во моментов е пријавено и експортирање на вирусот во Република Кореја, Јапонија, Тајланд и Сингапур, се случи во среда на 22 јануари 2020 година, од 12:00 до 16:30 часот во Женева (CEST) и во четврток на 23 јануари 2020 година, од 12:00 до 15:10 часот. Улогата на Комитетот е да дава совети на Генералниот директор, кој ја донесува конечната одлука за утврдување на јавно-здравствен итен настан од меѓународно значење (PHEIC). Комитетот исто така, дава совети за јавно здравје или предлага формални привремени препораки, како што е соодветно.
Тек на состанокот
Членовите и советниците на Комитетот за вонредни состојби беа свикани преку телеконференција.
Генералниот директор го поздрави Комитетот и им се заблагодари за нивната поддршка. Средбата ја предаде на претседавачот, професорот Дидиер Хаусин. Професорот Хоусин, исто така, го поздрави Комитетот и даде збор на Секретаријатот.
На 22 јануари, претставниците на правниот оддел на СЗО и одделот за усогласеност, управување со ризици и етика ги информираа членовите на Комитетот за нивните улоги и одговорности.
На членовите на Комитетот им беше укажано на нивната должност за доверливост и на нивната одговорност да откријат лични, финансиски или професионални врски за кои се смета дека претставуваат судир на интереси. Секој присутен член беше анкетиран и немаше судир на интереси за кои се смета дека се релевантни за состанокот. Потоа претседавачот ја разгледа агендата за состанокот и ги запозна презентерите.
На 23 јануари, претставници на Министерството за здравство на Народна Република Кина, Јапонија, Тајланд и Република Кореја ја ажурираа Комисијата за состојбата во нивните земји. Во Кина има зголемен број на пријавени случаи, со 557 потврдени заклучно со денес.
Заклучоци и препораки
На 22 јануари, членовите на Комисијата за вонредни состојби изразија дивергентни ставови за тоа дали овој настан претставува PHEIC или не.
Во тоа време, советот на Комитетот беше дека настанот не претставува PHEIC, но членовите на Комитетот се согласија за итноста на ситуацијата и посочија дека Комитетот треба повторно да организира состанок за неколку дена, за да ја истражи состојбата понатаму.
По објавувањето на новите мерки за ограничување на епидемијата во Вухан на 22 јануари, генералниот директор побара од Комитетот за вонредни состојби да се сретнат повторно на 23 јануари за да ги проучат информациите добиени од кинеските власти за најновата епидемиолошка ситуација и еволуција на настаните како и преземените мерки за управување со ризикот.
Кинеските власти презентираа нови епидемиолошки информации кои откриваат зголемување на бројот на заболени, на сомнителни случаи, бројот на погодените провинции и на процентот на смртни случаи – 4% од тековно пријавени случаи (17 од 557). Пријавени се четврта генерација на случаи на заболени во Вухан и втора генерација надвор од Вухан, како и неколку кластери надвор од покраината Хубеи. Тие објаснија дека се преземени силни мерки на ограничување (затворање на системите за јавен превоз во градот Вухан, како и во другите градови во близина). По оваа презентација, Комитетот беше информирана за еволуцијата на настаните во Јапонија, Република Кореја и Тајланд и дека е идентификуван нов можен случај во Сингапур.
Комитетот ги поздрави напорите направени од Кина да ја истражат и ограничат тековната епидемија.
Следниве елементи се сметаат за критични:
Пренесување од човек на човек се случува и беше претставена прелиминарна проценка на Р0 од 1,4-2,5. Умножување се случи во една здравствена установа.
Од потврдените случаи, за 25% е известено дека се сериозни.
Изворот е сè уште непознат (најверојатно, резервоар се животни) и степенот на пренесување од човек на човек сè уште не е јасен.
Неколку членови на Комитетот сметаа дека сè уште е рано да се прогласи PHEIC, со оглед на неговата рестриктивна и бинарна природа. Врз основа на овие различни ставови, Комитетот за вонредни состојби го формулира следниот совет/препораки:
До СЗО
Комитетот е подготвен да се состане повторно за приближно десет дена, или порано доколку генералниот директор смета дека е потребно.
Комитетот повикува да се даде поддршка на тековните напори преку меѓународна мултидисциплинарна мисија на СЗО, која ќе вклучува и национални експерти. Мисијата ќе ги разгледа и поддржи напорите за истражување на животинскиот извор на епидемијата, степенот на пренесување од човек на човек, напорите за скрининг во други провинции на Кина, зајакнување на надзорот за сериозни акутни респираторни инфекции во овие региони и зајакнување на мерките за задржување на ширењето на болеста и ублажување на последиците. Мисијата ќе обезбеди информации до меѓународната заедница за помош во разбирањето на состојбата и нејзините потенцијални влијанија врз јавното здравје.
СЗО треба да продолжи да ја обезбедува целата неопходна техничка и оперативна поддршка за да одговори на оваа појава, вклучително и со нејзините широки мрежи на партнери и институции што соработуваат, за спроведување на сеопфатна стратегија за комуникација на ризик и да овозможи напредување во истражувањето и научните достигнувања во однос на овој нов коронавирус.
Со оглед на еволуирачката епидемиолошка состојба и рестриктивната бинарна природа на прогласување на PHEIC или не, СЗО треба да разгледа поинаков систем, кој ќе овозможи средно ниво на тревога. Таквиот систем подобро ќе ја одрази сериозноста на една епидемија, нејзиното влијание и потребните мерки и ќе ја олесни подобрата меѓународна координација, вклучително и истражувачки напори за развој на медицински против-мерки.
До Народна Република Кина
- Да обезбеди повеќе информации за меѓу-владините мерки за управување со ризици, вклучително и системите за управување со кризи на национално, провинциско и градско ниво и други интерни мерки.
- Зајакнување на рационални мерки на јавно-здравствени мерки за задржување и ублажување на тековната епидемија.
- Подобрување на надзорот и активното откривање на случаи низ цела Кина, особено за време на прославата на кинеската Нова година.
- Соработка со СЗО и партнерите во спроведување истражувањата со цел подобро разбирање на епидемиологијата и еволуцијата на оваа епидемија, вклучително и специфични истражувања за да се разбере изворот на новот коронавирус, особено анималниот резервоар и животните вклучени во зоонотската трансмисија, како и разбирањето на неговиот целосен потенцијал за пренесување од човек на човек и каде се случува преносот, клиничките карактеристики поврзани со инфекцијата и потребниот третман за намалување на морбидитетот и смртноста.
- Континуирано споделување на целосните податоци за сите случаи со СЗО, вклучувајќи и геномските секвенци на вирусот и детали за какви било инфекции или кластери кај здравствени работници.
- Спроведување на скрининг (преглед) на излегување од земјата, на меѓународните аеродроми и пристаништа во погодените провинции, со цел рано откривање на симптоматските патници за понатамошно оценување на нивната состојба и лекување, со истовремено минимизирање на можност за “вмешување” во меѓународниот сообраќај.
Кон други земји
Се очекува понатамошно експортирање на случаи во меѓународниот сообраќај и можна појава на случај во која било земја.
Така, сите земји треба да бидат подготвени за ограничување на ширењето, вклучително и активен надзор, рано откривање, изолирање и управување со случаи, истражување на контакти и спречување на натамошно ширење на инфекција со 2019 n-CoV година, како и да споделат целосни податоци со СЗО.
Земјите се обврзани да споделуваат информации со СЗО според МЗП.
Технички совети/препораки се достапни на https://www.who.int/emergencies/diseases/novel-coronavirus-2019.
Земјите треба да стават посебен акцент на намалување на хуманата инфекција, спречување на секундарно пренесување и меѓународно ширење и да придонесат за меѓународниот одговор преку мулти-секторската комуникација и соработка и активно учество во зголемување на знаењето за вирусот и болеста, како и унапредување на истражувањата. Земјите исто така треба да ги следат советите за патувања од СЗО (https://www.who.int/ith/2020-0901_outbreak_of_Pneumonia_caused_by_a_new_coronavirus_in_C/en/)
До глобалната заедница
Бидејќи ова е нов коронавирус, а претходно се покажа дека појавата на слични коронавируси бараа значителни напори за редовно споделување на информации и истражувања, глобалната заедница треба да продолжи да демонстрира солидарност и соработка, во согласност со член 44 од МЗП (2005), во меѓусебната поддршка за идентификација на изворот на овој нов вирус, неговиот целосен потенцијал за пренесување од човек на човек, подготвеност при потенцијално импортирање на случај и истражувања за развој на соодветен потребен третман.
Генералниот директор се заблагодари на Комитетот за дадениот совет.
Извор: