Оваа година се одбележува 30-годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето усвоена на 20 ноември 1989.
Овој значаен договор за човекови права ги утврдува граѓанските, политичките, економските, социјалните и културните права на секое дете, без оглед на нивната раса, религија или способности.
Оваа година 2019, меѓународниот ден за ерадикација на сиромаштија се одбележува под мотото: Да делуваме заедно, да им дадеме поддршка и моќ на децата, нивните семејства и заедници, да ставиме крај на сиромаштијата.
Конвенцијата го потврдува правото на секое дете да има достоен животен стандард за физички, ментален, духовен и социјален развој. Во општеството кога ќе се препознае негирањето на детските права, тогаш луѓето со позици и власт, одговорност и моќ се законски обврзани и должни да ги штитат и исполнуваат правата на децата.
Покрај се, неопходно е да се препознаат и да се решат специфичните искуства на дискриминација кај младите девојчиња. Од големо значење е децата да бидат влкучени во процесот на консултација за донесување на одлуки кои би биле од полза за нив.
Преку процесот на консултација, прибирање на ставови од децата за одредени прашања, всушност тие ќе бидат вклучени во донесување на суштествени одлуки.
Сиромаштијата го намалува развојот на детето, а со тоа пак доведува до помали приходи и влошено здравје во зрелоста.
Околу 1,2 милијарди луѓе во светот живеат во екстремна сиромаштија (помалку од еден долар на ден). Сиромаштијата создава лошо здравје затоа што ги принудува луѓето да живеат во околини кои се без пристојни засолништа- пристоен дом, чиста вода или соодветна санитација.
Да се стави крај на сиромаштијата не им помага само на сиромашните – тоа претставува можност на секоја жена и маж да живеат со достоинство. Со искоренување на сиромаштијата, целото човештво ќе се трансформира.
Светската здравствена организација (СЗО) им дава поддршка на државите да создадат и спроведат, “политики за сиромашни” т.е. здравствени политики кои имаат приоритет и одговараат на потребите на сиромашните. Тоа би вклучувало глобално застапување, регионални иницијативи и директна поддршка на министерствата за здравство во земјите во развој. На глобално ниво, овие искуства ќе се соединат за да се формираат препораки за најдобри практики.
Прашањата поврзани со здравјето и сиромаштијата значително се разликуваат од земја до земја и во одредени региони претставуваат посебен предизвик.Политиките на Милениумските развојни цели (МРЦ) обезбедуваат заеднички пакет на приоритети за справување со сиромаштија.
Здравјето е во фокусот на МРЦ со признание дека подобро здравје е клучно во глобалната агенда за намалување на сиромаштијата, како и важна мерка за благосостојба на човекот и остварување на своите права.
Искоренување на сиромаштијата е прва цел од целите за одржлив развој во Обединетите нации за 2030 година во агендата за одржлив развој. Меѓутоа, тоа е тесно поврзано со други цели, како што се обезбедување на здравствени и хигиенски услови, пристап до квалитетно образование за сите, можности за пристојно вработување, родова еднаквост и зачувување на животната средина.
Прославувањето на 17 октомври секоја година покажува дека може да имаме поголем удел и учество, овозможувајќи им на луѓето од сите сфери да ги почитуваат човековите права и овозможување на достоинство на луѓето што живеат во сиромаштија.
Учеството на децата и младите во прославата на овој ден секоја година е охрабрувачки во Обединетите нации и секаде низ светот. Со тоа се препознаваат важните улоги што децата можат да ги играат со споделување и примена на вредности и знаења што ги стекнале во нивната лична секојдневна борба со цел надминување на сиромаштијата.
Секој може да се приклучи во борбата со повик за акција со цел да се поврзе со луѓе од целиот свет кои се приклучија на борбата за надминување на сиромаштијата, кампањата оваа година на социјалните медиуми ќе биде одбележана преку користење на #EndPoverty
Владата на Република Северна Македонија во 2010 година ја донесе Националнатa стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република Северна Македонија за периодот 2010/2020 година.
Главна стратешка цел за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост во Република С. Македонија е:
Намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост преку подобро користење и зајакнување на расположливите човечки и материјални ресурси, подобрување на условите за живот, подобрување на условите за работа, системско и институционално содејство во функција на побрз развој, повисок стандард, поквалитетно живеење и развој на механизмите за социјално вклучување на ранливите категории на граѓани во локален контекст.
Визијата на стратегијата е Република Северна Македонија да биде општество со намалена сиромаштија и социјална исклученост. Мисијата на Стратегијата е да ги реализира следниве процеси:
- Промоција и зголемување на можностите кои обезбедуваат граѓаните на Република Северна Македонија да учествуваат во образовните, работните и општите социјални активности;
- Намалување на пречките за решавање на специфични проблеми и социјална исклученост на посебни ранливи групи, кои се соочуваат со тие пречки;
- Промоција на социјалната вклученост кај децата и младите, со што ќе се создадат услови за долгорочни можности за наредните генерации;
- Зајакнување на ранливите заедници со цел квалитетен живот и способност за справување со препреки за нивна благосостојба.
Користена литература:
1. International Day for the Eradication of Poverty 2019, Available at:https://www.un.org/development/desa/socialperspectiveondevelopment/international-day-for-the-eradication-of-poverty-homepage/2019-2.html
- Millennium Development Goals (MDGs) https://www.who.int/topics/millennium_development_goals/en/
- Health, development and the Millennium Development
Goals,https://www.who.int/hdp/atmgh13.pdf?ua=1
- International Day for the Eradication of Poverty https://en.unesco.org/commemorations/povertyeradicationday
Подготвил:
Сектор за промоција, анализи и следење на незразни болести
Институт за јавно здравје на РСМ