Чекори до здрави коски

 osteo1

osteo2

Во светот, секоја трета жена и секој петти маж на возраст од 50 години и повеќе доживуваат остеопоротична фрактура.

osteo3

Остеопорозата предизвикува коските да станат слаби и кревки, така што тие лесно се кршат – дури и како резултат на мал пад, удар, кивање или ненадејно движење. Фрактурите предизвикани од остеопороза може да бидат опасни по живот и главна причина за болка и долготрајна инвалидност. Оваа година, светскиот ден на oстеопорозата се прославува под мотото “ Застани за здрави коски”.

Фрактурите поради остеопороза имаат разорно влијание врз милиони луѓе ширум светот и резултираат со огромни социо-економски трошоци за општеството и системите за здравствена заштита. Сепак, и покрај ефективни медицински достигнувања за намалување на фрактурите, мал број на  мажи и жени добиваат третман.

Само 20% од пациентите со остеопоротични фрактури се всушност дијагностицирани или третирани за остеопороза, основната болест. Во 2010 година, само во Европа, околу 12,3 милиони луѓе за кои се смета дека се изложени на висок ризик од остеопоротични фрактури останале  нетретирани.[1] Во Република Северна Македнија, бројот на жени заболени од остеопороза изнесува околу 120.000[2]. Овие бројки само ја укажуваат важноста за навремено дијагностицирање и третман.

Може ли да се спречат остеопорозата и фрактурите? Да, ако се преземе акција рано!

Забележете ги сите ризик фактори за развој на остеопорозата:

  • Губење на тежина
  • Фамилијарна историја на скршеници на колк
  • Употреба на медикаменти – кортикостероиди и антиканцерозна терапија
  • Менопауза пред 45 години
  • Одредени заболувања – Реуматоиден артритис или дијабет

 

Како се третира остеопорозата?

За да се дијагностицира остеопороза и да се процени ризикот од фрактури и да се утврди дали ви е потребен третман, вашиот доктор најверојатно ќе препорача да направите остеодензитометрија (скенирање за утврдување на густината на коските).
Препораките за третман често се базираат на проценка на ризикот од фрактура на коска во следните 10 години преку добивање на информации од дексаскенерот (апаратот за мерење на густината на коските). Ако вашиот ризик не е висок, третманот може да не вклучува лекови и може да се фокусира на модифицирање на факторите на ризик за губење масната коска и препораки за да се винмава и да се избегнуваат падови.

5 чекори до здрави коски и иднина без фрактури

  • Вежбајте редовно – Најдобри се вежбите за носење тежина, за зајакнување на мускулите и за вежбање рамнотежа. Вежбајте по 30-40 минти, три до четирипати неделно.
  • Исхрана – Калциумот, витаминот Д и протеините се најважни за здравјето на коските. Безбедното изложување на сонце ќе ви помогне да добиете доволно витамин Д.
  • Начин на живот – Одржувајте здрава телесна тежина, избегнувајте пушење и прекумерно пиење.
  • Ризик фактори – Известете го вашиот лекар доколку имате претходна историја на скршеници на коска, фамилијарна историја на остеопороза или зимате одредени лекови кои го афектираат здравјето на коската.
  • Тестирање и третман – Ако сте изложени на висок ризик, најверојатно ќе ви требаат лекови и промени во животниот стил за да се заштитите од фрактури.

Подготвил: Оддел за здравствена промоција и следење на болести

[1] https://www.worldosteoporosisday.org/about-osteoporosis

[2] https://eprints.ugd.edu.mk/28338/1/OSTEOPOROSIS%20-%20STATISTICAL%20DATA%20FOR%20PATIENTS%20WITH%20OSTEO-POROSIS%20IN%20THE%20PERIOD%20FROM%202020%20AND%20THE%20CURRENT%202021.pdf