Според Светската здравствена организација поимот контрацепција значи спречување на несакана бременост и прекинување на природниот процес на репродукција.

 

Како да се направи правилен избор на контрацепција?

Можеби ќе се запрашаме зошто  ни е потребна контрацепцијата? Ако жена не користи контрацепција се претпоставува дека би имала околу 15 забременувања во животот!

При избор на контрацепција, постојат неколку работи кои прво треба да се разгледаат. Пред да се донесе одлука треба да се разгледаат повеќе опции и да се согледаат нивните предности и мани.

Постојат одредени медицински состојби и околности  кај кои одредени контрацептиви не се дозволени или не се препорачуваат.

Контрацептивните средства се разликуваат во нивната ефикасност при спречување на несакана бременост.

birth-control-types

Денес постојат многу типови на заштита, контрацепција која е достапна и ефективна:

  • Кондом – направен од тенок природен латекс (гума) која спречува спермата да навлезе во вагината. Единствено контрацептивно средство  кое воедно и штити од сексуално преносливи инфекции. Женскиот кондом е составен од полиуретанска обвивка, и ја има истата функција како и машкиот кондом.
  • Таблети за контрацепција (хормони) се многу ефикасна, удобна и лесно достапна форма на контрацепција. Денес има широк спректар на хормонски методи за успешно спречување на несакана бременост. Употребата на хормони во контрацептивните сретства се претежно синтетички облик на природен хормон, прогестерон и естроген.Несаканите дејства од комбинираните таблети се добро испитани (документирани), и кај најголем број од жените, предностите ги надминуваат недостатоците доколку правилно ги користат.Секоја жена треба да биде добро информирана за предностите и недостатоците пред да почне со употреба на хормонална контрацепција и под надзор на доктор.
  • Спирала (интраутерина влошка) пластично и бакарно средство кое се става во матката,спречува спермата да стигне до јајце клетката и да ја оплоди. Ефикасноста на спиралата е 99% нуди сигурност и долготрајна заштита од несакана бременост.
  • Вагинален прстен Вагиналниот прстен содржи комбинација на прогестоген и естроген, тоа ја спречува овулацијата(секој месец се ослободува јајце клетка од јајниците) и ги спречува сперматозоидите да ја оплодат јајце клетката. – Пред употреба на нов прстен потребно е да се направи пауза од 7 дена. Некои жени и нивните партнери можат да го почувствуваат за време на сексуалниот однос. Вагинален прстен мора да се чува на ладно место пред да се користи.Вагиналниот прстен има многу  слични несакани последици како и секоја хормонална контрацепција.
  • Таблети за итни случаи Содржат хормони кои се слични со оралните контрацептиви но се многу високо дозирани. Ја спречува овулацијата и оплодувањето, вообичаено се зема по сексуален однос без заштита, доколку се скине кондомот или пак жената заборавила да ја испие оралната контрацепција. Таблетите за итни случаи не се постојана контрацепција, тие се земаат само при итен случај!
  • Инјектирање – Инjекцијата обично содржи прогестоген, но во некои земји комбинацијата на естроген и прогестоген е на располагање. Инјекцијата ја дава медицинско лице, се користи еднаш месечно или еднаш во три месеци. Хормонален метод кој е многу ефикасен и не бара залагања од ваша страна. Прогестогенот инјекциите се исто така погодни и за жените кои дојат. Инјекцијата може да ги намали болките при болниот менструален период, сепак можно е и да предизвикаат поголемо крварење, но од медицински аспект тоа и не е проблем.Во зависност од видот на инјектирањето можно е да е потребна година за плодноста на жената. Откако ќе се вбризга инјекцијата, доколку се појават несакани последици, тие неможат да се спречат.
  •  Останати контацептивни средства: лепенка за контрацепција,стерилизација и тн.

  114443910_c_thinkstock

Разговор со здравствен работник за контрацепција

Од голема важност е да се разговара со здравствен работник со цел да се добијат точни информации за  тоа која контрацепција е најдобро  да се користи. Разговорот со здравствениот работник во врска со  контрацепција е одговорна и значајна работа и нема потреба за срам. Здравствениот работник има одговорност да Ви пружи услуга со потполна доверливост и ќе бидете сигурни дека Вашиот проблем ќе остане професионална тајна иако имате помалку од 18 години.

Здравствениот работник ќе Ви постави прашања за Вашата здравствена состојба и за Вашето семејство, со цел да биде сигурен  дека го прави правилниот избор за препорака на соодветна контрацепција. Одредени жени неможат да користат секаков вид на контрацепција,како на пример, можеби имаат одреден тип на мигрена или пак имаат згрутчување на крвта. Прашајте го здравствениот работник за правилна  употреба  на методите на контрацепција, воедно и  за сите можни несакани ефекти, кои може да се предизвикаат и како да се справите со истите.

Запомнете, здравствениот работник Ви дава само препораки, крајната одлука е само Ваша!

 ПРЕВЗЕМИ ФЛАЕР ВО PDF

 

Извори:

  1. Contraception guide. Available from URL: www.medicinenet.com
  1. All about contraception. Available from URL: www.your-life.com

 

Изготвил: Сектор за промоција, анализи и следење на незразни болести