„Трансформативни решенија за инклузивен развој: улогата на иновациите во поттикнувањето на пристапен и правичен свет“

 

Сложените и меѓусебно поврзани кризи со кои се соочува човештвото денес, вклучувајќи ги шоковите кои произлегуваат од пандемијата KОВИД-19, војната во Украина и другите земји, пресвртната точка во климатските промени, сите претставуваат хуманитарни предизвици од невиден карактер, како и закани за глобалната економија.

Најчесто, во моменти на кризи, најисклучени и најоставени се луѓето во ранливи ситуации како што се лицата со попреченост. Во согласност со централната премиса на Агендата за одржлив развој 2030 година да „не остава никој зад себе“, од клучно значење е владите, јавниот и приватниот сектор заеднички да најдат иновативни решенија за лицата со попреченост со цел да го направат светот попристапен и правично место за живеење.

Меѓународниот ден на лицата со попреченост е ден на Обединетите Нации што се слави секоја година на 3 декември. За прв пат беше прогласено годишното одбележување на овој меѓународен ден во 1992 година со резолуцијата 47/3 на Генералното собрание на Обединетите нации. Денот се одбележува со цел промовирање на правата и благосостојбата на лицата со попреченост на секое ниво на општеството и развојот, како и за подигање на свеста за состојбата на лицата со попреченост во сите аспекти на политичкиот, социјалниот, економскиот и културниот живот.

Овогодинешната тема за одбележување на меѓународниот ден на лицата со попреченост е: „Трансформативни решенија за инклузивен развој: улогата на иновациите во поттикнувањето на пристапен и правичен свет“.

Оваа тема се однесува на иновациите и трансформативните решенија за инклузивен развој, опфаќајќи ги во три различни интерактивни дијалози следните тематски теми:

  1. Иновации за инклузивен развој при вработување (Цел за одржлив развој 8): овој дијалог ќе биде наменет за врските помеѓу вработувањето, знаењето и вештините потребни за пристап до вработување во иновативен, брзо менувачки технолошки развој за сите и како помошните технологии можат да ја зголемат пристапноста до вработување и да се вклучат во работното место.
  1. Иновации за инклузивен развој на попреченоста во намалувањето на нееднаквоста (Цел за одржлив развој 10): овој дијалог ќе биде наменет за иновациите, практичните алатки и добрите практики за намалување на нееднаквостите и во јавниот и во приватниот сектор, кои вклучуваат попреченост и се заинтересирани за промовирање на различноста на работното место.
  1. Иновации за инклузивен развој на попреченоста – пр. спортот: сектор каде што сите овие аспекти се спојуваат; спортот како пример за добра практика и место на иновации, вработување и правичност.

 

Подготвил:

Оддел за здравствена промоција и селедење на болести