Американската фирма Waters Corporation која произведува лабораториска опрема и потрошен материјал во една од своите технолошки препораки за анализа на пестицидот перметрин препорачува нова метода и нов вид HPLC хирална колона на Интернет адресата: www.waters.com/webassets/cms/library/docs/720004246em.pdf

Целта на оваа препорака е аналитички добро да се одвојат изомерите на пестицидот кои се разликуваат меѓу другото и според своите својства: токсичност и биолошка активност. Со нејзина примена ќе може поуспешно да се анализираат препарати кои се направени врз основа на перметрин, а ќе може да го испитуваат овој пестицид и како контаминент во храна, почва и друго. Примената би можела да се прошири и на целата група слични пестициди. Образложението е засновано на три референци од кои една е дел од докторскиот труд на М. Шишовска од Секторот за испитување и контрола на лекови при ЈЗУ Институт за Јавно здравје на Република Македонија. Трудот е објавен во реномираното стручно списание Chirality кое има импакт фактор 1,833, a го печати издавачката куќа Wiley Periodicals, Inc. (Chirality, 22(5), 2010; 527-33).