СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – 21.04.2020

Тестирани се вкупно 660 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, од кои позитивни се 28 или 4,2% од тестираните. Потврдените случаи се од 6 градови, Скопје, Тетово, Куманово, Прилеп, Велес и за прв пат е регистриран случај во Валандово (Табела 1).

 

Табела 1.  Дневна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 21.04.2020

Град Број на заболени Починати
Скопје 11 1
Прилеп 9 0
Велес 3 0
Тетово 2 0
Куманово 2 0
Валандово 1 0
Вкупно 28 1

 

Регистрирани се поединечни случаи во скоро сите возрасни групи, најмногу од нив, по 6 во возрасните групи од 20-29, 40-49 и 50-59 години, а во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 15 женски и 13 машки лица.

Хоспитализирани се 6 лица, а останатите се на домашно лекување. Кај 7 лица е регистрирано присуство на коморбидитети.

Вкупно 17 лица имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата, а регистрирано е едно лице кое имало историја на неодамнешно патување (во последни 14 дена).

По добиени два негативни теста за присуство на SARS-CoV-2, како оздравени се водат 48 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Во ГОБ 8-ми Септември почина еден пациент на возраст од 51 година, од Скопје. Кај починатото лице биле присутни коморбидитети и немал контакт со веќе потврден случај во државата.

КУМУЛАТИВНА СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Заклучно со 21.04.2020, пријавени се вкупно 1.259 случаи на COVID-19 (I=60,8/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 25 градови низ државата. Најголем дел од нив се регистрирани во Скопје, Куманово и Прилеп, додека највисок леталитет (со исклучок на странскиот државјанин од Кавадарци) се регистрира во Струга  (Табела 2).

Табела 2. Кумулативна дистрибуција на заболени од COVID-19 по град, РС Македонија, 2020

Дистрибуција по градови Вкупно Инциденца /100 000 Умрени (вкупно) Леталитет
Вкупно 1.259 60.8 56 4.4%
Скопје 422 68.3 10 2.4%
Куманово 342 239.7 14 4.1%
Прилеп 126 132.2 4 3.2%
Тетово 62 31.0 4 6.5%
Велес 62 93.6 3 4.8%
Струга 55 81.1 12 21.8%
Дебар 51 183.8 4 7.8%
Штип 34 64.5 2 5.9%
Кочани 28 58.4 1 3.6%
Битола 17 16.7 0 0.0%
Охрид 15 26.7 0 0.0%
Гостивар 13 10.9 0 0.0%
Кавадарци 4 9.3 1 25.0%
Гевгелија 4 11.6 0 0.0%
Крива Паланка 4 16.7 0 0.0%
Радовиш 4 12.3 0 0.0%
Крушево 3 31.5 1 33.3%
Струмица 2 2.1 0 0.0%
Пробиштип 2 13.1 0 0.0%
Македонски Брод 2 17.9 0 0.0%
Кичево 2 3.5 0 0.0%
Неготино 2 8.5 0 0.0%
Демир Хисар 1 11.9 0 0.0%
Пехчево 1 20.0 0 0.0%
Валандово 1 8.4 0 0.0%

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Куманово со 239,7 заболени на 100.000 жители, Дебар (183,8/100.000) и Прилеп (132,2/100.000), додека инциденца над 50 заболени на 100.000 жители е регистрирана во Велес, Струга, Скопје, Штип и Кочани (Табела 2, Картограм 1).

Картограм 1. Инциденца на 100.000 жители, COVID-19, Р.С. Македонија

korona 21.4.1

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 597 машки и 662 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 57,6/100.000, додека кај женските 64,1/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (медијана – 45 години). Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 261 (20,7%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 93,9/100.000. Кај лица над 60 години регистрирани се 253 случаи со инциденца од 66,0/100.000 (Графикон 1). Најниска инциденца од 21,8 и 20,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 50 и 52 случаи соодветно.

Графикон 1. Дистрибуција на заболените од COVID-19 според возрасна група, (n=1.259)

korona 21.4.2

Во однос на датумот на пријавување, првиот случај е регистриран во 9-та недела, а од 11-тата недела во 2020 континуирано се регистрираат нови потврдени случаи. Највисок број на пријавени случаи на дневно ниво (n=107) е регистриран на 15.04.2020 (Графикон 2).

Графикон 2.  Дистрибуција на заболените од COVID-19 во С. Македонија според ден на лабораториска дијагностика и начин на стекнување на болеста, 2020 година (n=1.259)

korona 21.4.3

Од пријавените случаи, 21,2% (n=267) се/биле хоспитализирани во текот на болеста, а останатите случаи биле/се на домашно лекување и во домашна изолација, асимптоматски или со полесна клиничка слика.

Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (53,6%), малаксаност (33,7%), треска (19,1%), главоболка (16,9%), болка во грло (15,8%) и отежнато дишење (14,1%).

Кај 435 или 34,6% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето.

Во однос на коморбидитети, кај 343 (27,2%) лица се присутни хронична/и здравствени состојби, од кои 227 лица имаат кардиоваскуларна болест, 70 со дијабет, 68 лица се со хронична белодробна болест, 17 со хронична бубрежна болест и 57 со други хронични болести.

Од хоспитализираните случаи, кај 131 (49,1%) се присутни коморбидитети.

Регистрирани се 214 (17,0%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.

Според исходот од заболувањето, кај 931 лица (73,9%) се активни случаи, 272 случаи (21,6%) се водат ако оздравени (25 од нив се здравствени работници), испишани од болница или се со два негативни теста по домашното лекување.

Регистрирани се 56 смртни случаи (Лт = 4,4%).  Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=39) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 10,2/100.000 жители. Од починатите, кај 43 (76,8%) се регистрирани коморбидитети.

Од вкупниот број на случаи, 94 (7,5%) се импортирани, од нив едно лице е детектирано на точка на влез (Меѓународен аеродром Скопје) (Графикон 2). Вкупно 742 лица (58,9%) имале контакт со веќе потврден случај на COVID-19 во државата.

Од 15.02.2020 до 21.04.2020 тестирани се вкупно 13.000 материјали (детектирани 1.259 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2 (Табела 3). Со ова во Р. С. Македонија се направени 6.283 теста на 1.000.000 жители.

Табела 3. Вкупен број на тестови направени за COVID-19 во Р.С. Македонија (n=13.000)

Кумулативен број на тестови Вкупно тестови Вкупно позитивни
ВКУПНО 13.000 1.259
ИЈЗ - Вирусологија 8.772 1.055
Ветеринарен Факултет (скрининг) 292 18
Авицена (скрининг) 287 17
Биотек (приватни) 533 29
Жан Митрев Клиника (приватни) 2.968 134
Систина (приватни) 148 7

ПРОЦЕНА НА РИЗИК ЗА ПОНАТАМОШНО ШИРЕЊЕ НА COVID-19

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок.

Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок.

 

На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

 

Со цел спречување на понатамошно ширење на вирусот на територијата на целата држава, Владата одлучи: Да се забрани движење на населението во Република Северна Македонија во временски период од 16:00 – 05:00, во викедни целосно, а со цел спречување на ширење на заразната болест COVID-19 и заштита на населението во Република Северна Македонија.

Движење на лицата во Република Северна Македонија на возраст над 67 години е дозволено во временски период од 10:00-12:00 часот, додека на лицата на возраст до 18 години, во временски период од 13:00-15:00 часот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

СОСТОЈБА СО COVID-19 ВО СВЕТОТ

Согласно последните податоци објавени од СЗО, заклучно со 21.04.2020:

Број на потврдени случаи на глобално ниво – 2.397.217 (83.007 нови)

Број на смртни случаи на глобално ниво – 162.956 (5.109 нови)

Број на зафатени земји/ територии – 214

  • Европски Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 1.187.184 (38.143 нови)
    • Смртни случаи – 106.342 (2.756 нови)
  • Регион на СЗО Америка
    • Потврдени случаи – 893.119 (34.869 нови)
    • Смртни случаи – 42.686 (2.071 нови)
  • Регион на СЗО Западен Пацифик
    • Потврдени случаи – 134.507 (069 нови)
    • Смртни случаи – 5.685 (37 нови)
  • Источно-Медитерански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 134.470 (5.037 нови)
    • Смртни случаи – 6.185 (137 нови)
  • Регион на СЗО Југо-источна Азија
    • Потврдени случаи – 31.670 (2.094 нови)
    • Смртни случаи – 1.341 (66 нови)
  • Африкански Регион на СЗО
    • Потврдени случаи – 15.555 (795 нови)
    • Смртни случаи – 704 (42 нови)

 

 

 

 

УПАТСТВА И ПРЕПОРАКИ ЗА ЈАВНОСТА

  • За повеќе информации од видот на најчесто поставувани прашања, вистини и митови во врска со корона вирусот можете да прочитате на

http://www.iph.mk/prasanja-i-odgovori-za-korona-virusot/

  • Општите препораки од СЗО за превенција на болеста можете да ги најдете на следната страна

http://www.iph.mk/preporaki-od-szo/

  • За препораките за патници кои доаѓаат/ се враќаат од ризични земји во Македонија

http://www.iph.mk/korona-preporaki/

http://www.iph.mk/preporaki-za-patnici-koi-doagaat-od-rizicni-regioni-so-covid19/

  • Препораки како да се заштитите себе си

http://www.iph.mk/covid-19-kako-da-se-zastitite-sebesi/

  • Доколку некој близок има симптоми слични на тие со болеста, можете да го прочитате СЗО упатството за домашно лекување на сомнителните случаи на

http://www.iph.mk/upatstvo-za-ncov/

  • За упатства за здравствените работници

http://www.iph.mk/posteri-corona-zr-lzo-i-mienje-race/

http://www.iph.mk/kontrola-na-infekcija-covid19-lzo/

  • Веб страна на Министерство за здравство поврзано со COVID-19

http://zdravstvo.gov.mk/korona-virus/

  • Веб страна Владата на РСМ поврзано со COVID-19

https://vlada.mk/covid19

 

 

 

 

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ЈАВНОСТА

Лицата кои имаат симптоми на грип или симптоми слични на грип (покачена температура над 38°С, треска, отежнато дишење, болки во градите, сува кашлица и др.), од страна на избраниот лекар прво да се прашаат за историја на патување во странство и можен контакт со потврден случај. Избраниот лекар закажува термини за тестирање.

 

Само доколку лицето со симптоми патувало во земја со висок ризик или среден ризик или имал контакт со потврден случај да се упатува да се јават на бесплатниот телефонски број за прашања поврзани со коронавирусот.

 

0800 002 03

 

 

 

 

 

 

 

Скопје, 22.04.2020

 

Сектор за превенција и контрола на заразни болести

Институт за јавно здравје