Клучни факти
* Во 2014 година беше проценета глобалната распространетост на дијабет * 9% кај возрасните на возраст над 18 години (1).
* Во 2012 година, околу 1,5 милиони смртни случаи беа директно предизвикани од дијабет (2).
* Повеќе од 80% од смртните случаи од дијабет се случија во земјите со низок и среден приход (2).
* СЗО предвидува дека дијабетот ќе биде на 7-ми водечка причина за смрт во 2030 година (3).
* Здрава исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун може да спречи или одложи почеток на дијабет тип 2 (4).
Што е дијабет?
Дијабетот е хронична болест која се јавува или кога панкреасот не произведува доволно инсулин или кога телото не може ефикасно да го користи инсулинот кој го произведува панкреасот. Инсулинот е хормон кој го регулира шеќерот во крвта (5). Хипергликемија, или покачен шеќер во крвта, е заеднички ефект на неконтролиран дијабет и со текот на времето доведува до сериозно оштетување на голем број на системи во телото, особено на нервите и крвните садови.
Тип 1 дијабет
Тип 1 дијабет (претходно познат како инсулин-зависен, детски или шеќер во детството) се карактеризира со недостаток на лачење на инсулин хормонот. Причината за тип 1 дијабетот не е позната, и тој не може да се превенира, барем со тековните научни сознанија.
Симптомите вклучуваат прекумерно излачување на урина (полиурија), жед (полидипсија), постојана глад, губење на тежината, промени во видот и замор. Овие симптоми може да се случат одеднаш.
Тип 2 дијабет
Тип 2 дијабетот (порано познат како инсулин независен или дијабет кај возрасни) е резултат на неефикасна употреба на инсулин во телото. Дијабет тип 2 е застапен кај 90% од луѓето со дијабет во светот (5), и во голема мера е резултат на вишокот на телесна тежина и физичката неактивност.
Симптомите може да бидат слични на оние од дијабет тип 1, но често се помалку забележливи. Како резултат на тоа, болеста може да биде дијагностицирана неколку години по почетокот, откако компликациите веќе се појавиле.
До неодамна, овој тип на дијабет беше застапен само кај возрасните, но сега, исто така, се јавува и кај децата.
Гестациски дијабет
Гестациски дијабет е хипергликемија со гликоза во крвта со вредности поголеми од нормалните, дијагностициран во текот на бременоста. Жени со гестациски дијабет се изложени на зголемен ризик од компликации за време на бременоста и по породувањето. Тие исто така се изложени на зголемен ризик од дијабет тип 2 во иднина.
Гестацискиот дијабет се полесно се дијагностицира преку пренаталниот скрининг.
Нарушена толеранција на глукоза (IGT) и предијабет гликемија (IFG)
Нарушена толеранција на глукоза (IGT) и предијабет гликемија (IFG) е состојба на транзиција помеѓу нормалата и дијабетот. Луѓето со IGT или IFG се со висок ризик од прогресија во тип 2 дијабет, иако тоа не е неизбежно.
Кои се заеднички последици од дијабет?
Со текот на времето, дијабетот може да го оштети срцето, крвните садови, очите, бубрезите и нервите.
- Дијабетот го зголемува ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар. Во мултинационална студија се покажа дека 50% од луѓето со шеќерна болест умираат од кардиоваскуларни болести (пред срцеви заболувања и мозочен удар) (6).
- Во комбинација со намален проток на крв, невропатија (оштетување на нервите) во нозете ја зголемува шансата за чиреви на долните екстремитети, инфекции и евентуалната потреба од ампутација на екстремитетите.
- Дијабетична ретинопатија е важна причина за слепило, а се јавува како резултат на долгорочно акумулирано оштетување на малите крвни садови во ретината. Еден процент од глобалното слепило може да се припише на дијабетот (7).
- Дијабетот е една од водечките причини за откажување на бубрезите (4).
Како може дијабетот да се намали?
Превенција
Се препорачуваат едноставни мерки за начин на живот за да има ефикасност во спречување или одложување на почетокот на дијабетот тип 2. За да се спречи дијабет тип 2 и неговите компликации, луѓето треба да:
- постигнат и одржат здрава телесна тежина;
- да бидат физички активни – најмалку 30 минути, вежби со умерен интензитет на активност повеќе дена. Потребно е повеќе активности за контрола на тежината;
- да се јаде здрава храна помеѓу 3 и 5 порции овошје и зеленчук на ден и да се намали дозата на шеќерот и заситените масти;
- да сеизбегне употребата на тутун – пушењето го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.
Дијагноза и терапија
Раната дијагноза може да се постигне преку тестирање на крвта. Третманот на дијабет вклучува намалување на шеќерот во крвта и нивото на други познати фактори на ризик кои ги оштетуваат крвните садови. Престанокот на употреба на тутунот е исто така важен за да се избегнат компликации. Интервенции, кои се за заштеда на трошоци и се остварливи во земјите во развој се:
- умерена контрола на гликоза во крвта. Луѓето со дијабет тип 1 имаат потреба од инсулин; луѓето со дијабет тип 2 можат да се третираат и со орални лекови, но исто така може да се побара употреба на инсулин;
- контрола на крвниот притисок;
- грижа за стапалата.
Други интервенции за заштеда на трошоци вклучуваат:
- скрининг и третман на ретинопатија (што предизвикува слепило);
- контрола на крвните липиди (за регулирање на нивото на холестерол);
- скрининг за рани знаци на дијабет поврзани со болести на бубрезите.
Овие мерки треба да бидат поддржани со здрава исхрана, редовна физичка активност, одржување на нормална телесна тежина и избегнување на употреба на тутун.
Преземено од WHO Media centre
Превод: Институт за јавно здравје на Р.Македонија,
Сектор за промоција, анализи и следење на незаразни болести