Неделни податоци
Во текот на 19-та недела од 2020 година, пријавени се 15 (I=0,7/100.000) случаи со грип/ заболувања слични на грип.
Бројот на пријавени лица споредено со 19-та недела од минатата сезона (n=58) е намален за 74,1%, а во споредба со бројот за 19-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 9 сезони) (n=33) се регистрира намалување од 54,6% (Графикон 1).
Регистрираната инциденца оваа недела е во рамките на вон-сезонска активност на вирусот на грип, согласно МЕМ моделот за одредување на интензитет на активноста на сезонски грип (Графикон 1).
Во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, во текот на 19-та недела, не се пристигнати материјали за тестирање на грип.
Графикон 1. Нивоа на интензитет и неделна дистрибуција на заболените од грип/заболувања слични на грип според очекувана епидемиска крива 2010-2019, сезона 2018/2019 и сезона 2019/2020
Во 19-та недела, најголем број случаи (n=8; 53,3%) се пријавени во најголемата возрасната група – лица од 15-64 години, додека највисока инциденца од 1,7/100.000 жители е регистрирана кај децата од 0-4 години.
Оваа недела пријавени се случаи од 5 извештајни единици, 6 лица се од ЦЈЗ Прилеп, по 3 лица од ЦЈЗ Скопје и ПЕ Гостивар и по едно лице од ЦЈЗ Струмица, ЦЈЗ Кочани и ПЕ Кавадарци.
Кумулативни податоци
Во сезоната 2019/2020, вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 33.160 (I=1.602,6/100.000).
Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=21.501), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 54,2%, а во однос на моделот од последните 9 сезони (n=25.562) се регистрира зголемување од 29,7%.
Кумулативно оваа сезона, пријавени се случаи од сите извештајни единици.
Најголем број на случаи се регистрирани во ЦЈЗ Скопје (n=6.084), ЦЈЗ Струмица (n=3.209), ЦЈЗ Велес (n=2.822) и ПЕ Кавадарци (n=2.720) (Графикон 2).
Највисока кумулативна инциденца од 6.320,6/100.000 жители е регистрирана во ПЕ Кавадарци. Кумулативна инциденца над 3.000,0/100.000 жители е регистрирана во ПЕ Кратово, ЦЈЗ Велес, ЦЈЗ Струмица, ПЕ Дебар и ПЕ Свети Николе (Графикон 2).
Во текот на сезоната се регистрирани вкупно 3 смртни случаи асоцирани со грип.
Графикон 2. Дистрибуција на случаите на сезонски грип по ЦЈЗ/ПЕ и инциденца на 100.000 жители, сезона 2019/2020
Во однос на дистрибуцијата на случаите по возрасни групи, кумулативно најголем број се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 17.054 (51,4%), а највисока кумулативна инциденца од 4.327,0/100.000 се регистрира кај децата од 5-14 години (Графикон 3).
Графикон 3. Дистрибуција на случаите на сезонски грип по возрасна група, сезона 2019/2020
Дистрибуција на случаите од сезонски грип/ заболувања слични на грип по месеци е дадена на Графиконот 4. Најголем број (19.874; 59,9%) од заболените е регистриран во февруари.
Графикон 4. Дистрибуција на случаите на сезонски грип по месец на пријавување, сезона 2019/2020
ВИРУСОЛОШКИ НАДЗОР
Од почетокот на сезоната 2019/2020, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ, пристигнати се вкупно 772 хумани материјали од здравствените установи – од амбулантски и болнички лекувани пациенти од редовниот и од сентинел надзорот, од кои 377 (48,8%) се позитивни на присуство на вирусот на инфлуенца.
Од позитивните, 198 (52,5%) се Influenza A, додека 179 (47,5%) се Influenza В.
Според субтипот на Influenza A, 91 (46,0%) се A/H1pdm, 93 (47,0%) A/H3, а 14 се несуптипизирани.
Според линијата на Influenza В, 137 (76,5%) се B/Victoria, а 42 се со неодредена линија.
ЕПИДЕМИОЛОШКИ КОМЕНТАР
Регистрираната инциденца од грип/заболувања слични на грип е во рамките на вон-сезонска активност.
Се регистрира спорадична распространетост на активноста на вирусот на грип.
ЕВРОПСКИ РЕГИОН
Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 18-та недела од 2020 година, активноста на грипот се намалува.
Активност на грипот оваа сезона во Европскиот регион на СЗО започна порано во споредба со претходните години. Детекцијата на вирусот на грип во примероците од сентинел системот е над 10% од 47-мата недела од 2019. Во поголемиот дел од земјите доминантен е Influenza A вирусот, иако има земји каде доминира Influenza В или постои ко-циркулација на двата вируси.
Во текот на 18-тата недела, тестирани се 43 пациенти од сентинел надзорот – еден позитивен на Influenza B. Од почетокот на сезоната сентинел надзорот, 34,6% од тестираните се позитивни за присуство на инфлуенца вирусите. Од нив, 64,3% се Influenza A, а 35,7% Influenza B. Меѓу Influenza A вирусите, доминира A(H1N1)pdm09, а меѓу Influenza В, доминира линијата Victoria.
Сектор за контрола и превенција на заразни заболувања
Институт за јавно здравје