Во текот на 45ата недела од 2021 година (од 08-14.11.2021), во Република Северна Македонија пријавени се 97 случаи (I=4,7/100.000) на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, со зголемување во споредба со претходната недела (n=64; 51,6%), минатата сезона (n=23; 4,2 пати) и просекот (n=73; 33,1%).

Заболените лица се регистрирани во Дебар – 50, Гостивар – 16, Охрид – 13, Тетово – 8, Кавадарци – 6 и Прилеп – 4. Во однос на возрасната група од 15-64 години регистрирани се 42 лица, од 0-4 години се регистрирани 27 лица, 25 лица се пријавени од 5-14 години и 3 лица од возрасната група над 65 години.

 

Кумулативно, од почетокот на сезоната, пријавени се 263 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип со инциденца од 12,7/100.000 жители. Од нив, најголем дел (n=115; 43,7%) се од Дебар. Според возрасната дистрибуција, најголем дел од пријавените (n=118; 44,9%) се на возраст од 15-64 години.

Во текот на 45-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ пристигнаа 204 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 2 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа не беше детектиран ниту еден случај на грип.

Досега е пристигнат 1.081 материјал паралелно тестиран за грип и COVID-19, од нив регистриран е  еден позитивен случај на Influenza B несубтипизиран.

 

Вакцинација против грип

Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра заштита од ова заболување, затоа Институтот за јавно здравје дава препорака за целото население, особено за лица со хронични заболувања и лица со состојби на намален имунитет, да се обратат до најблискиот Центар за јавно здравје или Подрачна единица за да добијат подетални информации за вакцинацијата против сезонски грип.

 

ЕВРОПСКИ РЕГИОН

Согласно извештајот на Flu News Europe објавен за 44-тата недела 2021 година, активноста на вирусот на грип е на ниско ниво.

Спорадично е детектиран вирусот на грип кај примероци од лица со респираторни заболувања, докажани се и Influenza A и B. Influenza B вирусот е детектиран кај еден пациент на интензивна нега. Кај 18 САРИ случаи од болнички установи е детектиран подтипот А(H3) и еден Influenza B. Influenza вирусите се спорадично детектирани и кај пациенти од рутинските системи за надзор.

 

Оддел за епидемиологија на заразни болести

Институт за јавно здравје