Клучни факти за ХИВ во светски рамки

 

  • од сите инфицирани лица во светски рамки (37,9 милиони лица), 1,7 милиони се деца на возраст под 15 години
  • 1,7 милиони лица се ново инфицирани во 2018 година.
  • 160000 деца се инфицирале со ХИВ во 2018 година
  • Досега 32 милиони лица починале од причини поврзани со ХИВ/СИДА
  • 770 000 лица починале во 2018 година.
  • Повеќе од 50% од лицата кои живеат со ХИВ примале анти-ретровирусна терапија (АРТ).

 

Кумулативни податоци за Р. С. Македонија за период 1987-2019 година

  • Од 1987 до сега се регистрирани 460 случаи на ХИВ
  • 404 (88%) се од машки пол а 56 (12%) се од женски пол
  • 104 лица починале од причини поврзани со ХИВ

hiv 1

 Начин на пренесување (трансмисија) на ХИВ

  • 56% од случаите се кај мажи кои имале секс со маж,
  • Хетеросексуалниот начин на пренос е регистриран кај 36% од случаите.
  • Лица кои инјектираат дроги учествуваат со 2,5%.
  • По 6 случаи се регистрирани кај лица со хемофилија (последниот пред 15 години) и пренос од мајка на дете.

hiv 2

Дистрибуција по возрасни групи

  • 64% од лицата кои живеат со ХИВ во Р.С. Македонија се на возраст од 20-39 години

hiv 3

 Состојба со ХИВ во Р.С. Македонија во 2019 година

  • Пријавени се 57 нови случаи на ХИВ, од кои 55 се од машки пол
  • Просечната возраст на новите случаи е 34 години (од 19 до 64 години)
  • 44 лица или 77% се на возраст од 20 до 39 години
  • 9 случаи биле на возраст од 40-49 години, еден на возраст од 19 години и 3 се постари од 50 години.
  • 70% од случаите се мажи кои имале секс со мажи ( МСМ)
  • 28% од лица пријавиле хетеросексуален начин на пренос
  • 27 случаи се со место на живеење во Скопје
  • 30 случаи се регистрираат од 12 други градови од Р.С. Македонија.

 

 

Дистрибуција на случаите според ЦЈЗ

Место на живеење според здравствени региони 2019 – број 2019 – Инциденца /100.000 Вкупно Кумулативна инциденца /100.000
ЦЈЗ Битола 5 2.7 25                 13.6
ЦЈЗ Велес 4 1.9 33                 15.7
ЦЈЗ Кочани 0 0.0 19                 18.2
ЦЈЗ Куманово 5 2.8 31                 17.6
ЦЈЗ Охрид 2 1.3 20                 13.2
ЦЈЗ Прилеп 2 1.9 23                 21.6
ЦЈЗ Скопје 27 4.4 213                 34.5
ЦЈЗ Струмица 1 0.9 11                 10.3
ЦЈЗ Тетово 6 1.9 42                 13.1
ЦЈЗ Штип 4 4.0 30                 29.8
Странски државјани 1 11  
Непознато 0 1
Вкупно 57 2.8 460                 22.2

 

 

Постигнати резултати за превенција на ХИВ инфекција во 2019 – Заедниците ја прават разликата!

 

Центри за јавно здравје

  • 700 лица добиле бесплатно и доверливо тестирање за ХИВ
  • Одржани се 150 едукативни сесии во училишта и колективи

hiv 4

 

 Стадиум на ХИВ асоциран имун дефицит при дијагностицирање

  • Во 2019 г. само 34% ХИВ позитивни случаи се навреме дијагностицирани!
  • 66% од случаите на ХИВ позитивни во 2019 г. се дијагностицирани задоцнето (10% повеќе од 2018).
  • Дополнително, 22% се дијагностицирани со сериозен имун дефицит (ЦД4 под 200).

hiv 5