Во Институтот за јавно здравје во Оддел микробиологија, Одделение за вирусологија, може да се направат следниве тестови за дијагностика на COVID19:

 

Молекуларен RT-PCR тест, за детекција на SARS-CoV-2 RNA. Тестот детектира истовремено три гена  на вирусот. Цената на тестот е 1850,0 денари. Со сертификат за патување 2000,0 денари.

 

Брз тест за детекција на SARS-CoV-2 антиген од брис од назофарингс, со Panbio COVID-19 Ag Rapid Test -Abbott Diagnostics.  Тестот е меѓународно валидиран и одобрен од страна на СЗО, ЕУ и ФДА. Цената на тестот е 550,0 денари.

 

Квантитативен тест за утврдување на ИгМ И ИгГ антитела кон SARS-CoV-2.

Тестот SARS-CoV-2 IgGII Qvant  (CMIA)  Abbott за одредување на антитела кон Spike протеинот на вирусот се користи за:

  • Проценка на имунолошкиот статус на лица кои примиле вакцина од било кој производител,чиј заштитен ефект се базира на продукција на антитела кон SARS-CoV-2
  • Проценка на имунолошкиот статус на лица кои ја прележале инфекцијата предизвикана од вирусот SARS-CoV-2

Тестот се карактеризира со аналитичка сензитивност и специфичност согласно интернационалниот стандард (IS) на СЗО. Резултатот е квантитативен во единици/ мл. Цената на тестот е 1000,0.

.