Во периодот од 24.05 – 30.05.2019, пријавени се вкупно 110 нови случаи на мали сипаници.

Од вкупниот број на ново пријавени заболени лица, 34 случаи се од Скопје, а останатите 76 се од 11 други градови во С. Македонија – Тетово (27), Куманово (13), Штип (13), Кичево (8), Гостивар (6), Дебар (3), Велес (2), Радовиш (1), Неготино (1), Струмица (1) и Битола (1).

Во тек на оваа недела најголем број на случаи (61) се на возраст над 30 години.

Според вакциналниот статус, 82 односно 74,5% од регистрираните случаи се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Вкупно, од почетокот на епидемијата во декември 2018 заклучно со 30.05.2019, во Република Северна Македонија регистрирани се 1.734 случаи на мали сипаници со стапка на заболување од 83,8 на 100.000 жители.

Во тек е епидемија на мали сипаници на цела територија на Македонија.

Според место на постојано живеење, случаи на мали сипаници се регистрирани во 24 градови, од нив 958 случаи се од Скопје, Куманово – 201, Тетово – 163, Струга – 112, Кичево – 64, Гостивар – 48, Велес – 42, Дебар – 30, Охрид – 25, Штип – 25, Гевгелија – 19,  Прилеп – 10, а во останатите градови се регистрираат по помалку од 10 случаи. Највисока инциденца на 100.000 жители се регистрира во Струга 165,1/100.000, Скопје 155,1/100.000 и Куманово 140,9/100.000   (Графикон 1).

Графикон 1. Географска дистрибуција на случаи на мали сипаници во Македонија,         декември 2018 – мај 2019

morbili do 30.05  sl 1

Најголем број на случаите се од возрасната група над 30 години – 787 (44,7%), а вкупната стапка на заболување кај оваа возрасна група изнесува 61,8 на 100.000 жители. Највисока стапка од 1.215,1 заболени на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст под една година, каде се пријавени 284 (16,4%) заболени. Кај децата на возраст од 1-4 години се регистрираат 249 случаи (14,4%) со стапка од  268,3 на 100.000 жители (Графикон 2).

 

Графикон 2.Дистрибуција на заболените од мали сипаници во Македонија според возраст, декември 2018-мај 2019 (n=1734)

morbili do 30.05  sl 2

Според вакциналниот статус, 1.288 или 74,3% од заболените лица се невакцинирани, некомплетно вакцинирани или со непознат вакцинален статус. Од невакцинираните лица, 284 (22%) се на возраст под 12 месеци и не подлежат на вакцинација, согласно Календарот за имунизација.

Од вкупно 249 заболени деца на возраст од 1-4 години, 87,1% се невакцинираниили со непознат вакцинален статус, а од 787 заболени кај лицата над 30 годишна возраст, 72,7% се невакцинирани, непотполно вакцинирани или со непознат вакцинален статус.

Од пријавените случаи, 719 или 41,5% биле хоспитализирани, а кај 274 (15,8%) се регистрирани компликации. Од нив, најголем број компликации биле кај деца од 0-4 години (n=121; 44,2%), и тоа 71 (25,9%) – кај деца до една година и 50 (18,2%) – кај деца на возраст 1-4г, што укажува дека оваа возрасна група е најзасегната и подложна на компликации.

Од почетокот на епидемијата, во Скопје се  вакцинирани 14.758 дете, додека во останатиот дел од државата се вакцинирани  13.479 деца на возраст до 14 години кои подлежат на вакцинација. Вкупниот број на вакцинирани лица на возраст до 14 години со МРП вакцина од почетокот на епидемијата во целата република изнесува 28.237.

 

Од почетокот на епидемијата до сега, во Центрите за јавно здравје, дополнително се вакцинирани вкупно 3.295 лица, од нив повеќе од 60% се здравствени работници, студенти и ученици во средните медицински училишта, останатите се контакти и лица над 14 годишна возраст.

Сектор за контрола и превенција на заразни болести

ИЈЗ Скопје